verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Со леснотија фрлена вина врз студентите

on 17 - 12 - 2015       

Разумот надвладеа, пред Рект_ - http___puls24.mk_mk_vesti_razumot- 1

 

[Рецензија: Разумот надвладеа, пред Ректоратот на УКИМ е мирно и нема насобрани студенти]

 

Ова е некаква форма на своевидно обвинителско-судско четиво. Туку-така, многу лесно се нафрлува нечија вина, демек вистинска, постоечка, за настаните пред Ректоратот на скопскиот универзитет. Имаме непотребно заземање страна во една иницијатива која е јасна манифестација на студентскиот дух во секоја, барем малку нормална и демократска држава, а тоа е недавање бланко поддршка на одлуките на политичкиот естаблишмент, особено кога ја загрозуваат универзитетската автономија. 

111Линк до оригиналниот напис: Разумот надвладеа, пред Ректоратот на УКИМ е мирно и нема насобрани студенти

 Датум и време на објавување: 15.12.2015, 01:30

 Датум на рецензирање: 15.12.2015

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

НИТУ ЗБОР ЗА СТУДЕНТИТЕ „САДАЧИ“

Нотираме пристрасност лесно забележлива преку неколку употребени формулации, како „разумот надвладеа“ и „непотребна блокада“. Впечатокот е дека написот свесно дава поддршка на надлежните, за сметка на студентите и на нивните реакции за сечењето на мини-паркот во рамките на скопскиот универзитетски кампус.

Неразбирлива е желбата за епитети и за „китење“ на текстот со непотребни конструкции. Требало само да се пласира основната вест дека пред зградата на Ректоратот ситуацијата е мирна и дека студентите ја повлекле блокадата, а не да се додаваат елементи кои не само што не се плус, туку се реален минус за целото четиво.

Друго прашање е кој вели дека „разумот надвладеа“ и дека е „непотребна блокада“? Извори или соговорници што би застанале зад ваквите констатации нема. Тоа, пак, навестува дека се сопствен печат на тој што го пишувал текстот, односно некакви обиди за коментирање:

„Поставувањето на непотребната блокада на оваа институција се должи пред сè на повеќе фактори.

Инаку сечењето на дрвата беше главната причина поради која Студентскиот пленум предизвика тензија во кампусот на државниот универзитет.“

Од друга страна,  овој необјективен напис не кажува дека тензијата се навести откако се појави другата група студенти (од ФИНКИ), поддржана од неколку професори, која дојде да сади дрвја во дворот на УКИМ. Па, полицијата дојде откако студентите – садачи, од нигде никаде, „изникнаа“ во кампусот, ама тоа го нема во ова селективно четиво.

Текстот изгледа како да е напишан од некоја канцеларија и дополнет со информации од други веб-страници, а не како да станува збор за вистинска теренска работа. Во него не е пренесена атмосферата од терен ниту, пак, има изјави од учесници или сведоци на настанот, при што се објавува само соопштението на дел од деканите. Гледано во целина, покажан е исклучително слаб новинарски ангажман, а резултатот е нецелосна и необјективна информација, зачинета со коментари.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

делумно информира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести