verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Манипулација со бројки за миноризација на став

on 16 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

studentski-plenum-crop-resize

 

[Рецензија: ВИДЕО: Масовен протест на Студентскиот пленум – 12 лица го блокираа Ректоратот на УКИМ]

 

Текстот е манипулативен со интенција да се обезвредни значењето на „Студентски пленум“, со нагласување на бројката од 12 студенти, кои ја блокираа работата на ректоратот на УКИМ. Овие студенти не настапуваат самостојно и се глас на целата организација. Намерата е да се намалат значањето на протестот и на ставовите што оваа група на студенти ги застапуваат.

studentski plenumЛинк до оригиналниот напис:  ВИДЕО: Масовен протест на Студентскиот пленум – 12 лица го блокираа Ректоратот на УКИМ

Датум и време на објавување: 14.12.2015

Датум на рецензирање: 16.12.2015

Рецензент: Силвана Жежова

На „Студентски пленум“ неосновано му се припишуваат припадност на политичка партија и на организација, без конкретни факти за тоа. За да се миноризира неговото значењето, манипулативно, споредба се прави и со бројката од 40.000 студенти. Но, оваа бројка се однесува на вкупниот број на студенти, но не и на организацијата на која ѝ припаѓаат студентите што протестираа.

„Ако се има предвид дека има над 40.000 студенти бројката од 12-мина, кои утрово се појавија пред ректоратот сама по себе зборува за пораката која студентската заедница сака да ѝ ја испрати на оваа група која во јавноста важи за блиска до СДСМ и уште една од соросовите  организации.“

За легитимноста на „Студентски пленум“ сведочи фактот што нејзини претставници седнаа на иста преговарачка маса со претставници на Владата, Министерството за образование и на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, со кои преговаа за измени на Законот за високо образование. Тие се изборија да не се воведе државен испит и да се донесе нов закон.

„Студентски пленум“ организраа и три поголеми масовни протести на студентите кои сакаа да го изразат револтот против државниот испит, но и за состојбите во образованието, а добија и голема граѓанска поддршка.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

и точни и неточни

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести