verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сензационалистички наслов и празна вест за земјотресот во Албанија

on 26 - 11 - 2019       

Насловот на текстот за последиците од катастрофалниот земјотрес во Албанија е сензационалистички, предизвикува емотивни реакции кај читателите и притоа не е познато дали е точна. Текстот се повикува на албански портал до кој нема ниту линк, па оттука не се знае ниту изворот, ниту вистинитоста на она што е објавено.

Линк до оригиналниот напис: (Земјотрес Албанија) Дедо извлечен жив од под урнатите, умрел кога дознал дека внукот не е спасен

Датум и време на објавување: 26.11.2019

Датум на рецензирање: 26.11.2019

Рецензент: Силвана Жежова

Во местото Тумани загина дете (10) во страшниот земјотрес што ја погоди Албанија. Еден Албанец раскажа за редакцијата на албанскиот портал „Јок Албаниа“ дека постар маж е извлечен од урнатините на напуштен хотел во Драч, а кога дознал дека внукот сè уште е затрупан – починал на самото место.

Текстот што го рецензираме нема линк до изворниот текст од медиумот кој се посочува како извор. Фотографијата која е објавена во текстот, исто така, не е доказ за приказната која се пласира. Вестите за земјотресот во Албанија оправдано се топ тема на денот, но медиумите треба да бираат што објавуваат и да бидат внимателни кои вести ги пренесуваат.

Ваквите емотивни приказни кои се објавени на голем број на македонските портали не придонесуваат кон ништо друго освен за ширење на страв и паника помеѓу граѓаните. Секој оној што алтруистички пристапува кон оваа несреќа, се става на местото на настраданите и нивните семејства, при што паниката истото да не се случи кај нас, се зголемува. Медиумите имаат одговорност при известувањето за ваквите трагедии да ја смират паниката кај јавноста, наместо да ја поттикнуваат.

Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми, се вели во член 8 од Кодексот за новинари.

Но, спротивно на Кодексот, од стотици текстови кои известуваат за земјотресот, десетици од нив се со сензационалистички наслови кои се однесуваат на лични трагедии, судбини на одредени семејства кои навистина се тешки за читање.

Во трката по кликови медиумите не смеат да ја заборават нивната информативна улога и одговорност која ја имаат што и како пренесуваат. Има кога и на кој начин се известува за личните приказни на луѓето кои преживеале или загубиле некој близок во земјотрес, за што постои и посебен медиумски формат, како на пример, документарните филмови. Официјални бројки на загинати, повредени и исчезнати во земјотресите во Албанија сè уште нема, бидејќи урнатините се расчистуваат и тие бројки се менуваат од час во час. Најмалку што во овие моменти се потребни се празни вести, кои креираат силни емоции, но немаат точно именувани извори и не можат да се проверат.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

потикнува на насилство

дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести