verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Заев не му се извинил јавно на Мемеди

on 26 - 11 - 2019       

Нема ниту една изјава во медиумите и социјалните мрежи, во која се вели дека премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, му се извинил на поранешниот пратеник Весел Мемеди. Затоа, веста што ја разгледуваме се смета за невистинита.

24шќип: „Зоран Заев јавно му се извинува на Весел Мемеди„

Линк до оригиналниот напис: „Зоран Заев јавно му се извинува на Весел Мемеди“Zoran Zaev i kërkon falje publike Vesel Memedit

Датум на објавување: 02.11.2019

Датум на рецензија: 10.11.2019

Рецензира: Фатбарда Цури

Наслов со дезинформација и со манипулативна фотографија

Неуспехот во првиот обид за избор на главен државен ревизор на Северна Македонија го искористија дел од медиумите за спроведување на политичка кампања. Таков е случајот со текстот со наслов „Зоран Заев јавно му се извинува на Весел Мемеди“. Ова информација потекнува од фактот дека Мемеди претходно бил пратеник и заменик претседател на Собранието и член на парламентарната комисија каде се одвивала дебатата за директорот на Државниот завод за ревизија.

„Претседателот на Владата на Северна Македонија, г-дин Зоран Заев денес јавно му се извини на претседателот на Националната демократска преродба, г-дин Весел Мемеди. Овој потег на премиерот Заев дојде како резултат на неколкуте последователни неуспеси во работата на Комисијата за именувања во Собранието на Северна Македонија, чиј член беше и Весел Мемеди“, стои во написот.

За да додаде доза на манипулацијата, авторот објавил слика на која се прикажани Мемеди и Заев. Фотографијата има тенденција да остави впечаток дека извинувањето се случило на настанот на кој е направена фотографијата.

Бидејќи веста пренесува фотографија и текст на лице кое нема потпис, повторно со истражувањата на социјалните медиуми и медиумите, се доаѓа до сознание дека изјавата, исто така, е невистинита иако е пренесена од твитер профил. Написот дури ја цитира изјавата на Заев, која не беше потврдена од ниту еден друг социјален медиум, ниту во сериозните медиуми.

„Еве ја целосната изјава на премиерот Заев:
По неуспехот на назначувањето на директор на Државната ревизија во текот на вчерашниот ден, се разбира конструктивната улога на Весел Мемеди во таа комисија, а со неговото заминување ова комисија стана алатка за уцени од пратениците, па се чувствувам должен јавно да се извинам за тоа што се случи пред неколку месеци со господинот Мемеди“, стои во написот што го разгледуваме.

Вестите поврзани со Заев и Мемеди го прикажуваат нивниот судир по разрешувањето на министер од партијата на Мемеди од функцијата министер за Локална самоуправа, што резултираше со оставката на Мемеди од функцијата пратеник и заменик претседател на Собранието.

Всушност, текст без автор и изјава за која не може да се најде никаде потврда, е драстично кршење на етичките правило што се пропишани во Кодексот на новинари на Македонија.

За читателите: Во изборниот процес ќе има многу невистини, внимавајте!

Во случајот со Мемеди и вестите што претходно ги разгледавме, откриваме дека изборниот процес е идеална фаза за медиумите и луѓето што стојат зад нив, наместо професионално новинарство, да направат пропаганда. Во овој случај, пропагандата е во прилог на Мемеди. Затоа, вие како читатели, не само во овој период, е добро со резерва да ги земете текстовите што се објавуваат во само од еден медиум, додека оригиналната изјава ја нема никаде. Ако сакате да потврдите дали е вистина, проверете г фактите дали ги има и во други медиуми.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести