verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сексистички текст за новата соработничка на министерката за финансии

on 23 - 09 - 2019       

 

[Рецензија:ЕКСПЛИЦИТНИ ФОТОГРАФИИ: Ова е новата советничка на Нина Групер ]

Навредлив и понижувачки напис со сексистички и шовинистички коментари е реалниот опис на овој текст.

Линк до оригиналниот напис: ЕКСПЛИЦИТНИ ФОТОГРАФИИ: Ова е новата советничка на Нина Групер

Датум и време на објавување: 15.9.2019

Датум на рецензија: 17.9.2019

Рецензент: Симона Атанасова

Откако новата министерка за финансии, Нина Ангеловска, го објави составот на својот кабинет, на дел од порталите и на социјалните мрежи се појавија несоодветни и крајно омаловажувачки коментари за девојката чија позиција во кабинетот е Координатор на социјални медиуми и односи со јавноста. „Инспирација“ за тоа се неколку лични фотографии на Ана Марија Макеска, кои се објавени со сензационалистички наслов со големи букви кој тврди дека се ЕКСПЛИЦИТНИ ФОТОГРАФИИ и оти таа е фотографирана полугола.

Текстот освен што отстапува од професионалните новинарски правила и етички норми, со објавувањето приватни фотографии како „украс“ на текстот, прекршува и авторски права. Фотографиите се преземени од инстаграм-профилот на Макеска без да се добие нејзина дозвола да се направи тоа, односно тие се украдени.

Во текстот не е наведено дали сопственикот на фотографиите дозволил нивно објавување на портали и социјални мрежи. Доколку е прашан и сопственикот дозволил, тоа ќе беше наведено во објавите. Бидејќи нема таква дозвола, не само што се прекршуваат авторските права туку грубо се злоупотребува приватноста на една личност.

Освен со фотографиите, новата координаторка во Министерството за финансии се понижува и со тенденциозно вадење делови од нејзината биографија и манипулирање на јавноста со половични информации.

Во текстот се вели дека таа била „одговарачка на телефонски повици“. Со ваква формулација на описот на работното место – како да е во прашање нешто срамно и неетичко, а, всушност, е дел од работата на многу професии, се прави обид за понижување и омаловажување на Макеска.

Навистина во нејзината биографија објавена на социјалната мрежа Линкедин, стои дека дел од нејзините задачи на едно од претходните работни места (како службеничка), меѓу другото, било и да извршува телефонски разговори. Но, во текстот намерно не е наведено дека тоа била првата работна задача на Макеска, која ја извршувала пред пет години. Исто така, со цел да се креира искривена слика во јавноста, избегнато е да се каже дека нејзината последна работна позиција била маркетинг-менаџер и дека работните обврски ѝ биле многу различни од одговарање на телефонски повици.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

потикнува на насилство

дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести