verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сè што се случува во Струмица, не мора да е поврзано со Заев

on 13 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

srbtek

[Рецензија: КОМУЊАРСКА РАБОТА: Ем пратеник, ем сака да го лапне ловиштето во Струмица, а Заев му помагал во нелегалното преземање!]

 

Ова е еден коментаторски и обвинувачки текст, кој обичната информација ја претвора во спин за да го оцрни името на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и тоа без никакви факти и докази.

КОМУЊАРСКА РАБОТА Ем пратеник ем сака да го лапне ловиштето во Струмица а Заев му помагал во нелегалното преземање iNFOMAX.mkЛинкуван наслов на анализираниот напис: КОМУЊАРСКА РАБОТА: Ем пратеник, ем сака да го лапне ловиштето во Струмица, а Заев му помагал во нелегалното преземање!

Датум и време на објавување: 08.06.2016

Датум на рецензирање: 12.06.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

А КОИ СЕ МАТНИТЕ ЗДЕЛКИ?

„Кире Михаилов, противкандидат на Марјан Даскаловски ја оспорува лигитимноста на неделното Собрание на ловџиите. Ден претходно во Центарот за култура во Струмица се одржало Собрание, на кое тој е избран за претседател на ЛД „Беласица“ Струмица“.

Ова е информацијата во текстот, која подолу во написот, како и во самиот наслов, е зачинета со обвинувања за лидерот на СДСМ.

„Марјан Дасколовски е пратеник од Струмица во редовите на СДСМ, близок соработник во матните зделки на Заев, преку кој лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица ги пере неговите пари стекнати преку мито и корупција, или добиени од УСАИД и соросоидните организации“.

Какви се тие матни зделки на Зоран Заев, на што конкретно се мисли? Одговор на ова прашање во текстот нема. Заев се обвинува дека перел пари стекнати преку мито и корупција. Каде се доказите за ова и на кој начин тој ги пере парите преку Даскаловски? Не е поентата само да се напише нешто, за тоа треба да се има и цврсти докази и аргументи. Во спротивно, онака како што е пласиран написот, може и тоа како да заработи тужба.

 

САМО ЕДНА СТРАНА

„Даскаловски во неколку наврати е претседател на ловиштето „Беласица“, а пред неколку дена заедно со Зоран Заев двајцата свикале собрание на кое нелегално, спротивно на Статутот повторно бил избран Даскаловски како претседател на ловиштето. Изборот бил извршен од нелегитимни тела и делегати, а неговиот противкандидат Кире Михаилов објаснува…“

Во овој дел од текстот е пренесен ставот на противкандидатот на Даскаловски, Кире Михаилов, кој обвинува дека изборот бил направен спротивно на статутот. Она што недостига тука е втората страна во приказната, односно став од Даскаловски и од Заев.

Написот би бил во ред доколку било пренесено обвинувањето од Михаилов и доколку бил побаран став од Даскаловски и од Заев, без дополнителни коментари кои немаат никаква основа. Вака составен текстот е спинерски и не држи вода, особено зашто содржи обвинувања за некакво перење пари на Заев, што нема допирна точка со темата.

Со написот е поврден Кодексот на новинари во кој јасно е наведено дека:

Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија.
Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести