verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Кутрите“ државници многу работат!

on 13 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

11112

[Рецензија: ПУТИН МУ РЕЧЕ НА ЛУКАШЕНКО: Малку спијам]

 

„Замајување“ со неважна и воопшто незанимлива, поточно тривијална „информација“ за домашната публика. Каков квалитет носи текст во кој се зборува за средба меѓу претседателите на Русија и на Белорусија во која едниот на другиот му се пожалил дека малку спиел? Никаков!

 1111Линк до оригиналниот напис: ПУТИН МУ РЕЧЕ НА ЛУКАШЕНКО: Малку спијам

 Датум и време на објавување: 09.06.2016

 Датум на рецензирање: 10.06.2016

Рецензент: Владимир Мирчески

 

И ТОГАШ ПУТИН МУ КАЖА НА ЛУКАШЕНКО…..

Што е ова, информација или реално шоу од типот „Кардашијан и друштвото“?! Путин му кажал на Лукашенко „малку спијам“, а овој му кажал „тоа е лошо“?! Веќе, голема работа. Што е тука важно за нашата, македонска публика во овој квазитекст. Одговорот е ништо, ама баш ништо. Можеби некому во Русија и во Белорусија ова би му значело, иако се сомневам, ама да се пласира ваква „вест“ во Македонија нема баш никаква логика.

Поточно, информацијата што се продава мора да има некаква вредност, некаква тежина за публиката на која ѝ е наменета, некаква вредност, значење за читателот зашто во спротивност ќе имате „производ“ ама без „пазар“. Во тој случај, постоењето на „производот“ е беспредметно зашто тој не е создаден за да стои во излог, туку за да дојде до крајниот корисник. Исто е и со информацијата, дури и полошо, таа е многу поподложна на ефектот на стареење. Дополнително, една од задачите на новинарот е да знае да филтрира, да селектира што во ова „море од вести, новини и информации“ би имало влијание врз неговата јавност. Инаку, отвори го „вентилот на порталот“ и пуштај сè и сешто од светот за домашната публика и ќе се добие медиумска папазјанија, хорор-лавиринт од гигабајти непотребни, беззначајани т.н. информативни производи…

Тоа го имаме во оваа ситуација – нешто незначајно се нуди како важно.

Друг проблем  е начинот како  се раскажува за набиената агенда на Путин, демек треба да го жалиме првиот човек на Руската Федерација зашто имал многу работа. Навистина, веќе се здодевни текстовите за тоа колку многу  работи овој или оној политичар, де странски, де домашен… Па, затоа земаат плата, за да работат.

Сосема непотребно сожалување на „кутрите“ државници…

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести