verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Вулгарна и навредлива објава

on 13 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #234 - '(ФОТО) ВАКОВ РОПАК ЕДНАШ МАЈКА РАЃА, А ВТОРИОТ ПАТ ГО АБОРТИРА I Народен Глас' - narodenglas_com_фото-ваков-ропак-еднаш-мајка-раѓа-а-вт

[Рецензија: (ФОТО) ВАКОВ РОПАК ЕДНАШ МАЈКА РАЃА, А ВТОРИОТ ПАТ ГО АБОРТИРА]

 

Рецензираме исклучително вулгарна објава која тешко може да помине дури и како „статус“ на социјалните мрежи. Овој материјал фактички нема текст, туку само фотографија и насловна коснтрукција која е олицетворение на примитивизам и на чист простотилак!

-ФОТО ВАКОВ РОПАК ЕДНАШ МАЈКА РАЃА А ВТОРИОТ ПАТ ГО АБОРТИРА Народен ГласЛинк до оригиналниот напис: (ФОТО) ВАКОВ РОПАК ЕДНАШ МАЈКА РАЃА, А ВТОРИОТ ПАТ ГО АБОРТИРА

Датум и време на објавување: 06.06. 2016

Датум на рецензирање: 13.05.2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

ПРОСТОТИЛАК!

Медиумскиот производ пред нас, според својата форма, би требало да биде фото-вест во која преку фотографија и мал опис ќе се прикаже настанот. Сепак, тоа не е случај со оваа објава. Во неа воопшто нема содржински дел, односно не пренесува никаква информација за настанот, кој не е лоциран ниту временски, ниту просторно. Наместо тоа, употребен е вулгарен јазик за дисквалификување и за оцрнување на личноста која е во фокусот на фотографијата, а тоа е експремиерот Никола Груевски.

Ваквиот начин на изразување е спротивен на новинарските стандарди. Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да коментираат, но истовремено, не смеат да го користат јазикот на омразата, да дискриминираат по која било основа или, пак, да навредуваат. Во конкретниот случај не се прави разлика меѓу вест, коментар и лично мислење, а ниту, пак, има професионална дистанца.

Со написот се нарушени повеќе членови од Кодексот на новинари:

Член 10

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа.

Член 13

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Член 14

Известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Член 15

Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.

Член 16

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести