verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Заев „испука“ уште една, 12-та „бомба“ за избор на судии

on 23 - 03 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

ALFA-Zaev 12 bomba - 09876-0980909-crop-resize

 

Површен текст во кој, претпоставувам намерно, се претрчува преку суштината на настанот што се обработува. Исклучително важна тема, покриена е „наврат-нанос“, со запазување само на формата, а не и на содржината. Отсуство на мноштво неопходни новинарски елемнти, несоодветни компарации и, конечно, пласирани невистини.

ALFAЛинк до оригиналниот напис: Заев „испука“ уште една, 12-та „бомба“ за избор на судии

Датум и време на објавување: 19.03.2015, 20:59

Датум на рецензирање: 21.03.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

СЕЛЕКТИВНОСТ, ПОВРШНОСТ, НЕВИСТИНИТОСТ, ОПТОВАРЕНОСТ СО ПРИСТРАСНОСТ 

Впечатокот по читањето на овој кус напис е дека е објавен само за да се брои дека конкретната телевизија ги пренесува прес-конференциите на опозицијата на кои се објавуваат материјали за аферата „Прислушување“. Оттука и претходно споменатиот заклучок за форма пред содржина. Текстот, од професионален аспект, има дупки како „швајцарско сирење“ – недостигаат одговори на основните новинарски прашања, како „што“ и „зошто“. На пример, неразбирливо е да не се каже ниту збор за некои од објавените разговори, за кои и дел од учесниците потврдија дека се веродостојни, а најдиректно го засегаат функционирањето на судскиот систем во земјава. Како тоа да нема каква било новинарска провокација за „прочепкување“ на материјалите што ги обелоденува СДСМ и кои покажуваат целосно поклопување на извршната врз судската власт? Но, не, тоа некому не му било интересно, ама, пак, затоа нè враќа безмалку 20 години назад во минатото за да ни каже како тогашната власт менувала и избирала судии. Чекајте, зборуваме за сегашен настан, за огромен скандал, а не за нешто што се случило во 90-тите години од минатиот век и за што, без да оправдуваме што било и кого било, таа владејачка елита ја платила цената со тоа што на изборите не ја добила довербата на граѓаните. Значи, сегашната ситуација, која покажува невидени размери на судска поврзаност како пајажина, не може и не смее, никако во новинарска смисла, да се оправдува со случувања од минатото.

Дополнително нејасно е што се сакало со интервенцијата дека „јавноста сѐ уште не доби ниту еден телефонски разговор од функционерите на СДСМ, туку повторно на мета на прзентираните снимки беа актуелните министри и државни функционери“. Прво, со ова индиректно се руши претходно пласираната теза за „наводни разговори“, зашто употребената формулација навестува дека станува збор за вистинити разговори. Второ, неточно е дека СДСМ не објавил ниту еден разговор од свои функционери. Да бидеме прецизни, лидерот на опозицијата тоа го стори на 09 февруари 2015 година, на прес-конференцијата на која ја обелодени првата т.н. „бомба“. Значи, слаба вистинитост со силно влијание врз содржината.

Оттука, ако сумираме, произлегува дека станува збор за селективно четиво, со површен пристап, без основен новинарски ангажан, со забележливо неквалитетна суштина, оптоварено со пристрасни елементи, воочливи преку несоодветната компарација сегашност-минато и, секако, формулации кои се невистинити.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

не може да се утврди

изворите се извитоперени

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

најверојатно е оригинал, непотпишан

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

не целосно

потребно е дообјаснување

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести