verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Граѓаните го препознаа мрачното сценарио на Зоран Заев

on 23 - 03 - 2015       

FireShot-Screen-Capture-085-мрачното-сценарио-на-Зоран-Заев-crop-resize-002

 

Текстот што го рецензираме, и покрај најдобрата волја и толеранција, тешко би можел да се именува како објективен, одговорен, вистинит и критички. Може да се протолкува единствено како спин да се измамат граѓаните, а медиумот што повеќе да ѝ се умилкува на власта.

Со ширум затворени очи, дава пресек на состојбата во опозициската партија и на политичката сцена во државата. Притоа, го перцепира само она што може да го види во медиумскиот мрак, па без и еден аргумент констатира дека по активирање на серија „бомби“ во СДСМ владее вистинска катаклизма, партијата ја загубила и онака слабата доверба кај граѓаните, а и домашната и меѓународната јавност апсолутно не се заинтересирани за она што го прави опозицијата со „бомбата“. Дали е баш така?

FireShot Screen Capture #085 - 'Граѓаните го препознаа мрачното сценарио на Зоран ЗаевЛинк до оригиналниот напис: Граѓаните го препознаа мрачното сценарио на Зоран Заев

Датум и време на објавување: 18.03.2015, 16:13

Датум на рецензирање: 20.03.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

ЛАДНИ ОБЛОГИ

Со спинување се прави замена на тези дека во јавноста се создаде атмосфера дека во редовите на нивниот политички противник владее хаос, дека целосно ја промашиле стратегијата, поради што со таканаречените „бомби“ не предизвикале никаков интерес, ниту кај домашната, ниту кај меѓународната јавност, чие внимание, наводно, е свртено кон лидерот на владејачката партија и кон неговиот неодамнешен говор. Без факти и без повикување на каков било валиден извор, кој би ја потврдил изнесената теза, во вжештената атмосфера предизвикана со снимките од телефонските разговори на носителите на највисоките функции во државата, се прави конструкција на граѓаните да им се стават „ладни облоги“ и да им се сврти вниманието на другата страна. Читателите веројатно би сакале да знаат врз основа на што се тврди дека „СДСМ ја губи и онака слабата доверба кај граѓаните“. Дали во овој период е направено некакво сондирање или анкета за довербата во политичките партии, ако е направено, тоа требало да се каже. Во спротивно, се работи за изнесување невистина и политичка манипулација во полза на владејачката партија, при што медиумот е злоупотребен во политички цели, што е спротивно на Кодексот на новинарите на Македонија.

„Членството на СДСМ виде дека сценариото на Заев, освен што не поминува кај граѓаните, осудено е и од меѓународната заедница. Тоа дополнително влијае на меѓучовечките односи на Бихаќка, а при секојдневните комуникации тие дополнително ги нарушуваат односите меѓу себе. Бомбите веќе немаат никаков ефект. Интересот кај јавноста е сведен на минимум, а креираните материјали на Заев и СДСМ се објавуваат се поретко бидејќи интерес за нив нема.“

 

ВРЕМЕПЛОВ

Единствениот извор во целиот напис е повикување на „извори“ до кои дошол друг медиум и прераскажување и цитирање на изјавата на експертот која ја дал за друг медиум.
Она што медиумот го пренел како експертско мислење, апсолутно нема врска со реалната политичка состојба во државата и се движи во некаков времеплов, во вонвременска димензија. Со измислено „историско четиво“, авторот зборува во минатото време, ги доведува во заблуда граѓаните, обидувајќи се да влијае врз јавното мислење дека кризата поминала, дека во државата ситуацијата е „мед и млеко“, владее хармонија и дека сé поминало, а кризата, заедно со предизвикувачот, заминале во историјата и се изучуваат како неуспешен пример да ѝ се наштети на сопствената државата.

„Беше ова тежок период за нашата држава и за нас македонскиот народ, но помина, и да не се повтори никогаш повеќе. Одговорните за „Пучот“, кој ќе се изучува во светската политикологија како пример на антидржавно политичко однесување и фарсичен спој на шпиони, повикување на странски фактори при суверена држава и невидена медиумска пропаганда финансирана од странски пари, ќе бидат поставени пред судот на македонската историја, но и пред институциите на системот, да бидат паметник за новите генерации Македонци како не треба да се мисли политиката и својата држава вели Науновски за Курир.“

 

ПЕГЛАЊЕ НА ВИСТИНАТА

Медиумот ја пика главата во песок пред она што му се случува пред очи, а на граѓаните им пласира невистина дека не постои никаков интерес да ги слушнат „бомбите“ и дека тоа не предизвикало интерес ни кај меѓународната заедница која ги осудила постапките на опозицијата поради што Заев и СДСМ сè поретко ги објавуваат „бомбите“.

Ова не е точно бидејќи сме сведоци дека во меѓународната заедница владее огромен интерес и загриженост за она што се случува во Македонија и сите случувања се следат на дневна основа. Еве што, на пример, изјавила Сесил Пуили, портпаролката на Високиот комесаријат за човекови права на ОН.

„Особено нѐ тревожи содржината на неодамна објавените снимени разговори коишто навидум инкриминираат виши официјални лица во бројни наводни кршења на човековите права, меѓу кои и изборна измама, притисоци врз граѓанското општество и членови на опозицијата, мешање во судството и масовните медиуми, како и масовно прислушување. Загрижени сме и за обвинението за шпионажа против водачот на најголемата опозициска партија“, наведува Пуили. Загриженост во реакциите од странство.

На крајот, спротивно на Кодексот на новинарите на Македонија, непотпишаниот автор, покрај тоа што објавува неточни и непроверени информации и прикрива суштински податоци, не се дистанцира од политички субјекти, се пресметува и со своите колеги кои со различна диоптрија гледаат на настаните, се обидува да ги дисквалификува и ги етикетира како „гебелсовска СОРОС-оидна пропаганда, која му помага на СДСМ недемократски да ја превземат власта“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести