verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Диригирана и со ништо непредизвикана хајка

on 15 - 10 - 2015       

 

FireShot-Screen-Capture-117-Трет-ден-молк-од-специјалното-обвинителство-I-Сител-Телевизија-crop-resize

 

[Рецензија: Трет ден молк од специјалното обвинителство за мегаломанските барања]

 

Сите медиуими се слободни, имат право да пишувaт за сè што е од јавен интерес, но тие информации мора да бидат точни, вистинити и покриени со факти. Во овој текст тоа не е случај. Се работи за очигледен почеток на диригирана и со ништо непредизвикана хајка против специјалната обвинителка Катица Јанева. Хајка, која според она што во моментот се случува во медиумите, ќе трае со месеци, а ќе се управува од многу моќни центри на актуелната власт, кои ќе се обидуват на секој чекор да ѝ стават сопки и да ја спречат во работата.

FireShot Screen Capture #117 - 'Трет ден молк од специјалното обвинителство за мегаломанските барања I Сител Телевизија' - sitЛинк до оригиналниот напис: Трет ден молк од специјалното обвинителство за мегаломанските барања

Датум и време на објавување: 13.10.2015, 20:33

Датум на рецензирање: 14.10.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

СТАРТЕН ПИШТОЛ

Кампањата против Јанева, медиумот ја базира на наводна нерационална процена на кадровските и на други потреби на специјалното обвинителство, на чие чело е таа и прави сопствена процена за нејзините потреби. Притоа, прави невкусни и без аргумети споредби со обезбедувањето на претседателите на Русија и на Америка. Со прозивка која треба да го означи почетокот на кампања против неа, го доведува во прашање нејзиниот личен дигнитет, а преку неа и на оваа важна институција која треба да расчисти многу матни работи во државата. Медиумот поставува прашања и сам дава одговор, со што прави манипулација во јавноста.

„Нема одговор ниту за чии потреби се ангажират неверојатни 30 телохранители, обезбедување со кое не располагаат ниту претседателите на Русија и САД. Во јавноста останува сомнежот дека овие позиции се резервирани за кадри на СДСМ кои треба да работат во партиската предизборна кампања.“

 

ОБИД ЗА ПАРАЛИЗИРАЊЕ НА ИНСТИТУЦИЈАТА

Обвинувањата упатени на уште непочната работа на специјалната обвинителка се навредливи и никако не спаѓаат во домен на вообичаената критика упатена на работата на една иснтитуција. Ова веќе не е прашање кое се однесува на една личност, се работи за очигледен напад на сите што се во нејзниот тим и тоа е обид целосно да се парализира нејзината работа и институцијата на специјалното обвнителство.

„Молк и околу сомнежите кои ги отворија медиумите за скандалозното поклопување на изјавата на Заев дека пред Нова година ќе паднат првите обвиненија и најавата на Јанева во својот работен план дека токму во овој период ќе ги прикаже своите први резултати.

Од Јанева нема одговор ниту дали постои судир на интереси во ангажманот на кумашинот на адвокатот на Зоран Заев, Филип Медарски во својот тим.“

 

ЦЕЛТА Е ПРОЅИРНА

На мета на провладините медиуми, очигледно, се најде целиот тим на Јанева, што е очигледен обид да се дискредитираат и да се заплашат сите луѓе што со својот авторитет, знаење и со плановите што ги имат за работа во оваа институција, имаат намера да доведат до сериозни промени во општеството во интерес на граѓаните.

Креаторите на оваа хајка не се повикуваат на Законот за специјално обвинителство, со кој е формирана посебна институција за гонење кривични дела поврзани со незаконското следење на комуникациите и на која ѝ е загрантирана целосна автономија во работа, туку на сомнежите од рекла-кажала. Тоа е спротивно на Кодексот на новинарите.

Ваков вид текстови воедно треба да се набљудуваат и како апел и предупредување до демократската јавност да застанат во одбрана на Законот, кој на специјалното обвинителство и специјалната обвинителка Катица Јанева ѝ гарантираат целосна автономија во работата и целосна домашна и меѓународна поддршка и заштита.

Поради тоа е многу битно цела оваа мачна и штетна приказна што поскоро да заврши, бидејќи загриженост за сè ова што се случува околку специјалното обвинителство, како независна и автохтона институција, не е само кај граѓаните кои очекуват расплет на македонскиот Гордиев јазол, туку и кај меѓународната заедница која е и иницијатор, но и гарант дека договореното ќе се спроведе.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести