verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Многу бабици, килави аргументи

on 15 - 10 - 2015       

Пробиен обидот за лага на опозицијата Република Online-crop-resize

 

[Рецензија: Пробиен обидот за лага на опозицијата – советниците за односи со јавност нека му ги вратат парите на Заев]

Брзината и потребата да се напише текст во некаква „дедлајн“ ситуација, веројатно е најважниот причинител за лошото здравје на новинарите. Нели, мора да има причина што тие, припадниците на т.н. седма сила, живеат по правило кусо, се под стрес и го трпат сè она што следува во такви околности на работење. Обично се сметало дека оние кои работат во неделниците се под помала можност да бидат жртви на стресот – не ги бркаат настаните, не е важно дали се тркаат со дневните изданија, а од нив се очекува за сметка на тоа да негуваат долги форми на комуникација со читателите и, пред сè, да бидат аналитични. Оттаму изненадува што, се чини, неделникот „Република“, навистина во своето интернет-издание кое може и дневно да се менува, добило позиција од која треба промптно и (тоа е сосема јасно од текстот) панично да изреагираат на посетата на лидерот на опозицијата на Тел Авив. И пред да се дознаат резултатите од визитата. Особено по посетата на Заев на министерот за внатрешни работи и вториот (неименуван) човек на познатиот Мосад.

Пробиен обидот за лага на опозицијата Република OnlineЛинк до оригиналниот напис: Пробиен обидот за лага на опозицијата – советниците за односи со јавност нека му ги вратат парите на Заев

Датум на објавување: 13.10.2015, 14:32

Датум на рецензирање: 14.10.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Зоран Заев во Израел, најблаго кажано, е турист и ништо повеќе од тоа. Оние поискрените ќе речат дека не е таму нити како турист, туку на креативен начин е викнат на сослушување кај израелските безбедносни служби заради обидот за нарушување на безбедносната соработка помеѓу Македонија и Израел.“

Во овој текст немаме прецизирано што е цел на ова писание? Немаме ниту авторство и покрај големата должина на текстот, а од стилистиката и од внатрешната конфузност, структурна пред сè, се добива впечаток дека имаме и „многу бабици“.

Веројатно се сакало најнапред да се оспори фактот дека Заев е примен од претседателот на Израел, Реувен Ривлин, во формална, државничка смисла. Добро, Заев и не е државник, туку политичар, лидер на опозицијата и тој тоа го кажува и затоа нема химни, знамиња, дрес-кодот е полабав … сето она што авторот (авторите) сакале да го издвојат од овој настан за да ја „анулираат“ оваа визита. Ама претседателот на СДСМ е, сепак, примен од претседателот и повикан од државата Израел! Тоа авторот е должен да го истакне – Заев не влегол во кабинетот на премиерот инкогнито. Дури на средбата на највисоко ниво присуствувал и нашиот амбасадор таму. Што не му се јавиле од „Република“? За да потврдат некои свои ставови? А, програмата е исполнета, иако во Израел ситуацијата деновиве не е поволна заради палестинско-израелскиот конфликт и државата е на нозе.

Исто така, непобитно е дека Заев разговарал и со министерот за внатрешни работи и со некој од врвот на Мосад. Можно е такви разговори да имал и актуелниот премиер, на времето, кој најмалку пет пати официјално го посетил Израел, ама проблемот е што од нив нема никакви документи, а уште помалку фотографиии (и видеозаписи, на кои инсистира „Република“), ама затоа кај нас има докази за земање опреми и плаќање провизии преку споменати и идентификувани лица во оваа земја!

Оттаму и паниката дека со овие контакти се расипуваат некои „дил ориентед“ релации. Таа паника се јави уште во април годинава, а сигурно е дека стравот произлегува од „чадот кој кажува дека некаде има оган“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

официјални, анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести