verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Студентите се чувствуваат изманипулирано, државниот испит е концепт кој го поддржуваат

on 26 - 11 - 2014       

ujh-09876-098-crop-resize

 

Преку изјави на тројца анонимни студенти, непотпишаниот автор се труди да создаде слика дека тие се претставници на повеќето стотици кои се противат на навдорешната евалуација на државата на квалитетот на високото образование. Сосема се игнорира фактот што треба да се претстават различните мислења на темата, односно не се внесени ставовите на „Студентски пленум“.

ujhЛинк до оригиналниот напис: Студентите се чувствуваат изманипулирано, државниот испит е концепт кој го поддржуваат

Датум и време на објавување: 23.11.2014, 16:24

Датум на рецензирање: 24.11.2014

Рецензент: Мирослава Бурнс

Во изнесениот текст се користат и анонимни извори, но и констатации кои се коментаторски и за кои не се дава аргументација. На пример:

„Студентите се чувствуваат изманипулирано од изјавите на СДСМ и медиумите блиски до нив.Тие велат дека погрешно биле информирани и затоа реагирале така. Откако сфатиле дека екстерното тестирање ниту се планирало, ниту ќе се случи, се запознале добро со концептот државен испит. Тие оваа идеја ја поддржуваат затоа што сметаат дека квалитетот на високото образование ќе се зголеми со тоа што јасно ќе се знае- кој заслужил, а кој со знаење стекнал диплома. Екипата на Курир направи анкета со студентите од „Гоце Делчев“ кои ги затекнавме во дворот на студентскиот. Тие пред нашата камера ги искажаа своите ставови за владината идеја државен испит за студентите.“

Од овој вовед се остава впечаток дека се цели студентите да се претстават како изманипулирана маса. Ниеден од интервјуираните не кажува дека се чувствува изманипулирано, а уште помалку од „изјавите на СДСМ и медиумите блиски до нив“. Освен тоа, не е јасно што се мисли кога се тврди дека „студентите реагирале така“. Ако се мисли на тоа дека излегле на протест, од изјавите не е воочливо дека овие студенти од кои се земаат изјави, навистина излегле да протестираат. Тие ги повторуваат стојалиштата на Владата и на премирот Никола Груевски, но во нивните изјави не се споменува СДСМ. Конструкцијата не запира тука. Во текстот се даваат коментаторски обвиненија, кои не се поткрепени со изјава, туку се констатација со непознато потекло:

„Студентите кои не сакаа да говорат пред камерите велат дека им е јасна целта на оние кои си дозволиле да ги изманипулираат. Веќе е јасно дека во ширењето на информации околу државниот испит и нивното манипулирање активно се вклучени луѓе од опозицијата.“

Освен тоа, непрецизно се алудира на професори кои го поддржале протестот што е нивно граѓанско и уставно загарантирано право и тие лажно, непоткрепено се претставуваат како организатори:

„Според фотографиите кои деновиве кружат низ социјалните мрежи, меѓу поттикнувачите на протестот кои се случи минатата недела се високи членови на СДСМ, воедно и професори од одредени факултети.“

„Студентите велат дека нема да дозволат да бидат изманипулирани и некој да ги користи за своите политички цели. Тие сега се доволно информирани за концепт-идејата на државата за државен испит и дека лажните информации од опозицијата и одредени медиуми, нема да дозволат да допрат до нив.“

Од текстот не се може да се види дека СДСМ е организатор на протестот. Енигматично е зошто се игнорира организаторот „Студентски пленум“ и зошто се прават напори од петни жили тој да се поврзе со опозицијата. „Студентски пленум“ во официјално излагање ги повика сите студенти без разлика на тоа како гледаат на останатите општествено-политички случувања, доколку се против мерката со која, според нив, се врши упад во автономијата на универзитетот, да им се придружат. За ова во текстот кој го рецензираме нема ниту збор.

„Првично бевме информирани дека станува збор за екстерно тестирање, но подоцна преку медиумите дознавме дека е државен испит кој ние како студенти го поддржуваме.“

Ставот на еден студент кој зборува во прво лице множина не е професионално, точно и етички да се претставува како став на сите студенти.

„Точно како што кажавте, прашањата ќе бидат достапни.“

Анкетарот го поттикнува студентот да даде став откако претходно му посочува дека прашањата ќе бидат достапни.

Во анкетата не се застапени различните ставови на студентите. Тоа го прави пристапот пристрасен. Низата коментари, неконсултирани страни и претставувањето на тројца студенти (за кои не се знае дали воопшто биле дел од протестот) како „сите студенти“, исто така, одат во прилог на пристрасното конструирање на содржина што не ги прикажува информациите целосно. Се остава впечаток дека целта е да се етикетира и дискредитира студентски протест на начин што ќе се префрли дебатата од причините и целите на протестот, кон терминологијата. Се пропушта да се наведе важното стојалиште на студентски пленум, според кое, какво било надворешно евалуирање на квалитетот на високото образование за нив е неприфатливо. Ова е прикривање важна информација.

Новинарскиот кодекс налага новинарот да прави разлика меѓу коментарот и веста. Во ова четиво забележливи се голем број коментари што се прави обид да се претстават како факти, иако зад нив не стои никој со име и со презиме. Во текстот не се дава сеопфатна туку сегментирана слика, односно се прикриваат важни информации што на читателот би му дале целосен увид во проблематиката.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести