verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Eм сечено, ем лепено, ем монтирано четиво, ем со виртуелни експерти

on 16 - 06 - 2015       

 

 

[Рецензија: Штајнмаер вознемирен, Заев задоволен]

 

Тежок спинерски текст, со сериозно високо ниво на селективност – поточно прикривање информации за да се оправда пласираната теза дека меѓународната заедница е загрижена за ситуацијата во Македонија, наспроти лидерот на опозицијата кој „ликувал“ поради развојот на настаните. Пример за грубо кршење на новинарските стандарди и приказ што се случува кога професионалните критериуми се засенети од политичко-пропагандистичкиот пристап.

FireShot Screen Capture #145 - 'Штајнмајер вознемирен, Заев задоволен I Република Online' - republika_mk__p=442936#Линк до оригиналниот напис: Штајнмаер вознемирен, Заев задоволен

Датум и време на објавување: 12.06.2015, 20:05

Датум на рецензирање: 15.06.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

„ЕМ СЕЧЕНО, ЕМ ЛЕПЕНО, ЕМ МОНТИРАНО“

„Сечење, лепење и монтирање“ – ете тоа имаме во овој текст. Земен е јавен настап на шефот на германската дипломатија, од кој е изваден еден од клучните делови и на него, апсолутно надвор од контекст, е залепена изјава на лидерот на СДСМ, исто така грубо „искасапена“, за кај јавноста да се постигне ефектот дека опозицијата е помалку заинтересирана за состојбата во Македонија отколку властите во Берлин. Да, вистинита е загриженоста на германскиот министер Франк-Валтер Штајнмајер, но, исто така, е вистинита и јасна неговата порака која е на крајот од обраќањето во Бундестагот:

„Се надевам, исто така, дека премиерот на Македонија знае: оној кој на Западниот Балкан се наоѓа на пат кон Европа и се надева дека таму ќе стигне, тој по ваквиот пат ќе може успешно да чекори само доколку навистина ја преземе одговорноста за зачувување на демократските и структурите на правната држава.“

Каде е ова парче во конкретниов напис? Го нема! Неверојатно, „загриженоста“ ја има, ама не и пораката до главниот политичар во Македонија дека мора да биде одговорен за зачувување на демократските вредности! Недозволиво и надвор од секаков професионален резон е овој сегмент да биде исечен и да се објави само она што некому му се допаѓало. Што повеќе за селективноста во информирањето и за искривувањето на вестите:

Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни. Право и должност на новинарите е да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите – Кодексот на новинари.

Половичната вистинитост не го намалува „криминалот кон професијата“, особено ако се има предвид и втората сериска грешка на овој текст. Пак е „сечена“ изјава, ама овојпат на лидерот на СДСМ зашто очигледно се сакало на читателите да им се „објасни“ неконструктивноста и „лошотилaкот“ на првиот човек на опозицијата. Се вели: „…Зоран Заев изрази оптимизам и потврди дека сето ова е дел од неговото сценарио. Задоволен сум заради тоа што работите се движат во наш очекуван правец- изјави Заев вчера. Но, за да бидеме доследни и коректни, ќе ја пренесеме неговата изјава во целост за полесно да се увиди спинерскиот карактер на овој материјал:

„Задоволен сум заради тоа што работите се движат во наш очекуван правец, но сеуште не можам да соопштам радосна вест за граѓаните на РМ. Ни треба само уште мналку трпение за да ја постигнеме конечната цел. Оптимист сум и позитивен сум. Знам дека нашите пријатели од ЕУ и амбасадорот Бејли, којшто беше вклучен, се се повеќе информирани за вистинските состојби во РМ и имаат се повеќе разбирање, така што конечниот исчекор мора и ќе биде во полза на интересот на граѓаните на РМ. Кој бил виновен? Ако ги прашате странците, ќе кажат дека во овој момент тоа беше Заев, во другиот момент беше Груевски, тука Али Ахмети не помогна туку одмогна или слично, во секој случај, ние не успеавме да постигнеме договор. Но, ако останеме позитивни, ќе го изнајдеме решението – изјави Заев.“

Разликата од едната до другата верзија е како „небо и земја“.

 

ПАК „ВИРТУЕЛНИ ЕКСПЕРТИ“

Откако ќе се споредат двете верзии на „вистината“, се гледа дека првата што ни ја нуди написот, е така извлечена од контекст и толку е спинувана што има многу малку допирни точки со оригиналот. Секако, сериозен недостиг е и отсуството на извори. Прво, не се наведува од каде се земени цитатите и на Штајнмаер и на Заев. Второ, кога се зборува за „аналитичари“,  би било добро навистина да ги имаме. Вака, сè се сведува на честата појава на „виртуелни експерти“. Изместувањето на реалниот тек на изјавите, како и отсуството на именувани извори на информации секако дека се одразува врз содржајноста на материјалот – негативно. Наместо да се прецизираат настапите и да се дадат во целост и врз таа основа читателите сами да си извлекуваат заклучоци, некој сака на јавноста „со инка“ да ѝ го става в глава дискурсот што го наумил. Ако досега доволно не го разоткривме степенот на пристрасност, тогаш следниов коментар ќе помогне:

„Очекуваниот позитивен правец за СДСМ и Заев значи огромна штета на државата, поволниот правец го чини бизнисот губење на финансиски средства, исчекување за граѓаните кои се држат во заложништво и меѓународна штета.“

Заклучок: наменско, обоено, необјективно и тенденциозно четиво со километри оддалечено од легитимен информативен производ.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести