verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сите странци разочарани од Заев – ќе мора да ни верувате на збор

on 16 - 06 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

 

[Рецензија: Странските дипломати разочарани, експертите децидни – Македонија ќе трпи полседици од неуспешниот дијалог]

 

Ова е пример за еден политички пристрасен текст, во кој иако бомбастично се најавуваат реакции од странски дипломати, такви изјави нема никаде во текстот. Целта на текстот е по секоја цена да се нападне опозицискиот лидер, да му се стави на товар неуспешноста од преговорите во Брисел за излез од политичката криза во земјава, како и вината за актуелната состојба и за евентуалната неуспешна европерспектива на земјата.

ALFA-TV1-09876-0987-finalЛинкуван наслов на анализираниот напис: Странските дипломати разочарани, експертите децидни – Македонија ќе трпи полседици од неуспешниот дијалог

Датум и време на објавување: 12.06.2015

Датум на рецензирање: 15.06.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

„Македонија ќе трпи последици од неуспешните разговори. По неуспешниот крај од 12 –часовните преговарања во Брисел странските дипломати се разочарани од односот на некои политички актери , кои како што велат немаат чувство за евроатланската перспектива на земјава. Експертите предупредуваат на уште поголема криза поради неодговорниот однос на Заев.“

Уште на почетокот од текстот, авторот најавува дека странски дипломати биле многу разочарани од неуспешните преговори во Брисел, префрлајќи ја вината за тоа на опозицискиот лидер, Зоран Заев. Во тоа биле согласни и експертите.

Читајќи го понатаму текстот, сфаќате дека нема ниту една изјава од странски дипломат или експерт. Кои се тие што се разочарани од „неодговорниот однос на Заев“ останува енигма.

„Што значи непостигнување на политички договор? Упатените се децидни – стагнација на земјата. Почнувајќи од губење на препораката и назначување на специјален претставник од Унијата и силен удар врз економијата. И покрај лошите пораки и предупредувањата, Заев е задоволен.“

И повторно: Кои се тие упатени? Дали тие навистина постојат или, пак, упатениот е самиот автор? Професионален новинарски текст треба да содржи изјави и од таквите изјави читателот самиот ќе извлече заклучок. Вака составен, написот не го задоволува минималното ниво на сеопфатност, нема никакви официјални извори, туку само заклучоци и спинувања на авторот, кој го наведува читателот на тезата дека „Заев е крив за кризата во државата, а Груевски е жртвата“. Ова е чисто партиско-пропаганден напис.

„За однесувањето на Заев реагираа и голем дел на јавни личности и политичари. Социјалните мрежи беа преплавени со негативни коментари и порачаа дека народот нема да заборави кој бил виновен ако Македонија ја загуби препораката за почеток на преговорите.“

За сликата да биде појасна, се манипулира и со бурни реакции на социјалните мрежи, кои не се пренесени, од што може да се заклучи дека истите, како и изјавите на наводните дипломати и експерти, се измислени.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести