verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: СДСМ се фати на грчкото оро – расте притсокот кон Заев за оставка

on 7 - 05 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

21-00987-098-crop-resize

„Најпрво самиот утврди ги фактите, а потоа можеш колку сакаш да ги изместуваш“ – Марк Твен.

Реченицата на славниот писател во еден сериозен дел го опишува текстот кој се рецензира. Во овој случај фактите донекаде се утврдени, а потоа и дефинитивно се изместени. Како поинаку да се смета „новинарскиот потег“ да се пласира теза во насловната конструкција, како глава на веста, која не само што не е аргументирана во содржината на написот, туку воопшто и не е спомената. Чудно? Не! Погрешно!

2Линк до оригиналниот напис: СДСМ се фати на грчкото оро – расте притсокот кон Заев за оставка

Датум и време на објавување: 04.05.2014, 16:21

Датум на рецензирање: 05.04.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ОД ТОЧКА А ДО ТОЧКА Б, А ПОТОА ОД НЕКАДЕ ЕТЕ ЈА ТОЧКА Ц 

Ако на текстов гледаме сегментирано, тогаш може да се каже дека, повторно донекаде, има вистинитост. Да, точно е дека во медиумите беше пласирано писмо од поранешен член на сега веќе непостоечкиот иницијативен одбор за поддршка на Бранко Црвенковски во кое се бара оставка на актуелниот лидер на СДСМ. Но, бидејќи не зборуваме за парче месо кое се купува на кило, туку за производ кој се мери целосно – од почеток до крајот, тогаш на површина излегува искривената вистинитост. Во написот никаде, ама баш никаде не се прави релација меѓу внатрепартиските случувањата во СДСМ и „нешто“, бидејќи не е докрај јасно на што се алудира, во Грција за да се оправда тезата „СДСМ се фати на грчкото оро – расте притсокот кон Заев за оставка“. Значи, почнато е од една точка А, за во текстот да се дојде до точка Б, а во насловот ни се пласира нешто под Ц. Тотално неразбирливо и секако неновинарски.

Во новинарската теорија насловната конструкција има јасно дефинирани карактеристики:

  • мора да биде вистинита;
  • мора да биде лесно разбирлива;
  • мора да привлече внимание;
  • мора да соодветствува на тонот на написот.

Според Прирачникот за новинарство на Ројтерс насловот мора да биде „Остар и информативен“. Од приложеното се гледа дека конкретниот материјал не ги задоволува овие наброени услови.

 

МАЛКУ АНГАЖИРАНОСТ, МНОГУ ПРИСТРАСНОСТ

И околу изворите на информации работата не е „најсјајна“. Во првиот дел од текстот јасно е наведено писмото, кое впрочем е и иницијалната каписла за целиот напис, на кое се повикува авторот, но крајот од производот е заматен со отсуство на прецизни извори. Се зборува за „кандидати на листите“, кои ги барале главите на Заев и Шеќеринска, но без да се конкретизира кои се тие личности кои, како што се тврди, му замерувале на лидерскиот двоец за немањето разбирање со форсирањето на одлуката за неприфаќање на пратеничките мандати.

Од содржинска гледна точка нешто особено не е понудено. Се можело барем да се побара споменатиот автор на писмото, па директно да се праша кој е неговиот мотив, па да се побара став од другата страна – раководството на партијата, итн. Вака имаме многу мал новинарски ангажман, а со тоа и „штура“ содржина која дополнително е засладена со политички мотивирана необјективност која добро „застранува“:

„Дел од кандидатите на листите сметаат дека двоецот се грижи само за сопствената политичка судбина, а не и егзистенцијата на луѓето кои работат за СДСМ, а кои со пратеничките мандати би биле финансиски обезбедени. Сепак, коментираат дека за нив е разбирливо лица со милионски суми на своите сметки да немаат сенс за егзистенцијалните прашања“.

Конечно, може да се заклучи дека имаме површно одработена новинарска задача која не успева да одговори на дел од главните професионални предизвици, со сериозна доза на манипулација и спин пласиран во насловната конструкција која, секако, ја дезинформира публиката.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести