verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Героски и Костова не ги оправдаа парите од Сорос, ќе понесат ли одговорност?

on 7 - 05 - 2014       

FireShot-Screen-Capture-144-kurir_mk_makedonija_ve-crop-resize

Ако во рецензијата би се спустиле на нивото на објавениот текст, тогаш таа би била полна со навреди, стигматизација, етикетирање. Тоа не ни е целта, туку со аргументи да укажеме на непочитување на основните принципи на новинарската професија и повреда на домашните и меѓународните кодекси на новинарите. Пред  тоа, ќе цитираме само една реченица од воведниот дел на Кодексот на новинарите на Македонија, кој вели  дека новинарите: „Следејќи ја својата улога во градење на демократијата и цивилното општество, ќе ја бранат, слободата, слобода на  медиумите која е неприкосновено право и ќе го почитуваат плурализмот на  идеите и ставовите…“ Да не зборуваме за чесност, објективност…

Непотпишаниот автор на ова писание, кое не може да се нарече новинарски производ, не само што го злоупотребил медиумот за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги, туку мисли дека живее и работи во педесеттите години на минатиот век, во време на едноумието кога сите медиуми морале да бидат послушници  на Партијата затоа што се „Орган на КПЈ“, а од 1958 година „Орган на ССРН“ (Социјалистички сојуз на работниот народ). Идеолошката матрица врз основа на која е пишуван овој текст тргнува од тоа време и свесно или несвесно ги брани тие принципи.

FireShot Screen Capture #144 - 'Героски и Костова не ги оправдаа парите од Сорос, ќе понесат ли одговорност_' - kurir_mk_makedonija_veЛинк до оригиналниот напис: Героски и Костова не ги оправдаа парите од Сорос, ќе понесат ли одговорност?

Датум и време на објавување: 03.05.2014, 12:34

Датум на рецензирање: 05.04.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

НАПАД КАКО ОДБРАНА

Постарите генерации, кои го паметат времето кога главните уредници и уредниците во медиумите ги поставувала и сменувала Партијата ќе ја препознаат оваа идеолошка матрица која ја нудат партиските послушници и стравот под кој тие работат.

„Уредникот на весникот „Слободен печат“ и раководител на порталот  Плусинфо, Бранко Героски и уредничката на неделникот „Фокус“ Јадранка Костова секако се меѓу најповиканите да понесат одговорност и оставка на функцијата во весниците и порталите со кои раководат,“…

Зошто ? Затоа што според  медиумот, оној што не одработил добро за Партијата, треба да си даде оставка.

…„ Изборните резултати од неделата покажуваат дека  овие медиумски перјаници на СДСМ не само што во последните три години не успеале да и помогнат на опозицијата да се  доближи до власта, туку разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е зголемена“…

Типично за времето на едноумие. Тезата која е дијаметрално спротивна на принципите на слободното и независното новинарство и право на спротивното мислење.

 

ДА ЈА БРАНИМЕ ДЕМОКТРАТИЈАТА, А НЕ ПАРТИЈАТА

Гледајќи од апсект на современиот развој на демократијата, човековите права и слободи, слобода на медиумите и плурализмот на идеи, текстот може да се окарактеризира само како навреда и обид за етикетирање и стигматизација на двајца угледни новинари и нивните медиуми. Најголемиот грев на овие двајца новинари, чии фотографии се објавени со препознатлива содржина, и нивните медиуми, е што имат свое мислење и со него не успеале да ја одработат партиската агенда на СДСМ: „Не успејаа во остварување на својата цел, да ја срушат власта на ВМРО-ДПМНЕ“.

Пораката на текстот  ја загрозува слободата на медиумите и плурализмот на идеите. Си дава право да ги прозива колегите од конкурентскиот медиум и од нив да бара оставка затоа што со своите идеи и текстови не ја оствариле партиската цел. Без притоа да се повика на извор со кој може да потврди дека посочените новинари се партиски активисти. …„партиските активисти на СДСМ кои се претставуваат како новинари“. Цинички укажува дека сите кои мислат, пишуваат или заговараат мислење спротивно од власта или победничката партија се губитници и затоа треба да бидат свесни, да сносат одговорност, и да си поднесат оставка:

… „ред е оние кои неуспешно ја вршат својата работа, имајќи ги предвид  последните изборни резултати, да отстапат место на некоја кадетска екипа во новинарство – нивното е веќе видено.“

Со амбивалентен приод експлицитно се фаворизира политичкиот субјект за кого навива медиумот, а се напаѓа медиумот кој ги брани ставовите на опозицијата:

„Ова јасно укажува дека новинарите на СДСМ не усеале во својата намера да ја срушат актуелната власт, туку спротивно на тоа, се чини дека владеачклата коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посилна од кога и да е, разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и  СДСМ се зголемува. СДСМ предводена од Бранко Црвенковски во 2011 година изгуби со „само“ 70.000 гласови разлика, а сега Зааев и Шеќеринска претрпеа катастрофален пораз од над 200.000 гласови разлика“.

 

ПРОЗИВКА БЕЗ ОСНОВА

Посочените медиуми не се јавен сервис. И прашањето на одговорност и отчетност можат да си го постават само во внатрешните кругови на колегиум, на управниот одбор. Јавната прозивка за успешно или неуспешно потрошените пари од страна на на медиумот кој ги застапува спротивните политички интереси нема логика и не е на место. Бидејќи потрошените пари се од приватен донатор, не се јавни пари, тоа не се  парите на граѓаните и даночни обврзниции.

„Ќе понесат ли одгворонсот главните меидумски перјаници на СДСМ за неоправдувањето на големите финансиски средства кои ги добиваат бранејќи ги политиките на опозицијата“.

Текстот поттикнува идеолошко-партиска нетолеранција со конструирање негативна рамка за медиумите и новинарите кои несе  поддржувачи на политиките на власт. „…и самите често пати признаваат и меѓусебно се обвинуваат, потрошија огромна сума на пари пред се на Фондацијата Сорос, но и другите донатори, но не успеаа во остварување на својата цел, да ја срушат власта на ВМРО-ДПМНЕ“…

Написот конструира дискурс во кој медиумот што ја поддржува опозицијата се претставува во негативна стереотипизација како послушник на власта …„Ова е прашање кое се поставува до новинарските послушници на најголемата опозициска партија…“  Теоретски може да се слуша само оној кој е на власт, бидејќи ги има механизмите за присила на послушност, но не може да се биде послушник на некој кој нема моќ и власт.

 

ПОВРЕДА НА ПРИНЦИПИ И ЕТИЧКИ ВРЕДНОСТИ

Повредени се :

Европска конвенција за слободата на изразување и толеранција.

Член 10 (став1)

Се гарантира право на слобода на изразување како комплексно право кое се состои од три компоненти: Слобода на мислење, слобода на  примање и слобода на пренесување информации.

Кодекс на новинарите на Македонија.

Член 16

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува взаемна солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести