verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Дијаспората како средство за дисквалификација на политички лидер

on 10 - 10 - 2015       

FireShot-Screen-Capture-116-СДСМ-им-врти-грб-на-македонските-иселеници-Денешен-весник-crop-resize

 

[Рецензија: СДСМ им врти грб на македонските иселеници поради очајната поддршка од народот]

 

Машинеријата е покрената, нарачани текстови почнуват да ги преплавуваат медиумите. Во овој миг е актуелна дијаспората. Текстот што го рецензираме е прилагоден на потребите и на желбите на владеjачката партија за да се изврши притисок со кој моќните поединци, поврзани со разни интересни групи, сакаат да влијаат на донесување релевантни политички одлуки.

FireShot Screen Capture #116 - 'СДСМ им врти грб на македонските иселеници поради очајната поддршка од народот I Денешен весникЛинк до оригиналниот напис: СДСМ им врти грб на македонските иселеници поради очајната поддршка од народот

Датум и време на објавување: 04.10.2015 16:01

Датум на рецензирање: 09.10.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

СПИНУВАЊЕ – РАДУВАЊЕ

Содржината е класично спинување за да се изманипулира јавноста, да се најави нешто што власта го посакува и да се остварат политичките амбиции на владеjачката партија кои се загрозени со новата политичка клима во која се најде државата. Истовремено, лажно повикувајќи се на дијаспората, се дискредитира политичкиот противник и лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Притоа, му се импутира нешто што тој воопшто не го кажал, се извртуваат неговите зборови поврзани со гласањето на дијаспората и им се дава сосема друга конотација.

„СДСМ се откажува од дијаспората и бара тие да останат без своите претставници во Законодавниот дом, како и без право на глас.“

Ова не е точно, Заев не е против гласањето на дијаспората. „Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) смета дека гласањето на дијаспората треба да се задржи, но со одредени измени, во согласност со укажувањата на меѓународните организации и извештаи“, изјави Заев.

 

ЛАЖЕН ПЛЕБИСЦИТ

Има уште едно клучно прашање што отвора дилема дали содржината на непотпишаниот текст е вистинита или се работи за манипулација и за спин. Ако анализираме дел по дел од текстот, ќе дојдеме до заклучкот дека содржината не е вистинита.

Медиумот го дисквалификува политичкиот противник, повикувајќи се на „целата дијаспора“ и го тврди следното:

„Сите македонски здруженија од дијаспората излегоа со осуда на ваквиот предлог на СДСМ. Македонските иселеници и порачаа на македонската опозиција дека нема да дозволат да им се одзеде правото да гласаат бидејќи тие се нераскинлив дел од македонското ткиво.“

Во текстот со ниеден факт не е потврдено дека баш целата македонска дијаспора реагирала така како што е објавено. Според податоците на Агенција за иселеништво на Република Македонија, нашата дијаспора е организирана во 143 иселенички организации и друштва на четири континента и во соседството, во кои членуваат 250.000 граѓани на Македонија кои се во дијаспората.

Шесте „реакции и соопштенија“ од дијаспората на кои се повикува медиумот, од кои како потврда на веродостојност нема ни еден факсимил, а има само една изјава со име и со презиме, не се доволен извор да се тврди дека плебисцитарно „сите македонски здруженија од дијаспората излегоа со осуда на ваквиот предлог на СДСМ.

 

КОМЕНТАР БЕЗ ФАКТИ

Тврдењето дека: „тоа е резултат на слабата поддршка која партијата на чие чело е Зоран Заев ја има во Македонија. Дополнително, недовербата која граѓаните ја имаат во СДСМ станува повидлива ако се земе предвид и дијаспората, е неоснован коментар на авторот, кој не се базира на никакво истражување на јавното мислење дома или во дијаспората и не може никако да се протолкува освен како намерно дискредитирање на лидерот на опозицијата и отворена пристрасност кон владеjачката партија, со злоупотреба на медиумот во политички цели.

Со тоа се прекршени и основните принципи на однесување што произлегуваат од Кодексот на новинарите на Македонија, како и членовите 1 и 14 на Кодексот, кои повикуваат на објавување точни и проверени информации и барат од новинарот професионална дистанца од политички субјекти и непристрасно и избалансирано известување од политички процеси.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести