Информациите без јавен интерес, не вредат
Објавено во Рецензии
on 10 - 10 - 2015 Автор: Administrator[Рецензија: „Кој ја менаџира страната на „Балистот Морина„ кој што има почит за Мендух Тачи?„]
Псевдовестите се користат за да го пополнат медиумскиот простор тогаш кога нема поважни работи за објавување. Уште полошо е кога псевдовестите се камуфлираат во „облека“ на важни вести и самиот автор се губи во нив, бидејќи ниту нему не му е јасно зошто е важно да се објават.
Линк до оригиналниот напис: „Кој ја менаџира страната на „Балистот Морина“ кој што има почит за Мендух Тачи?„
Датум на објавување: 05.10.2015
Датум на рецензија: 07.10.2015
Рецензент: Фатљуме Дервиши
Текстот што го рецензираме претставува пример за обид да се направи вест со наслов што привлекува внимание, но нема извори, нема изјави и, пред сè, не се знае целта што се сака да се постигне со објавувањето на информацијата.
Текстот има наслов „Кој ја менаџира страната на „Балист Морина“ кој што има почит за Мендух Тачи?“, но во ниту еден дел од неговата содржина не се обработува ова прашање и не е направен обид да се даде одговор.
Содржината на текстот има информации за објавите на „Балистот Морина“ на социјалната мрежа „Фејсбук“ или, поточно, се задржува на две работи. Првата: коментира едно постирање на „Балистот Морина“ во кое тој изразил почит кон Мендух Тачи:
„Оваа вест за базира на едно постирање кое што е направено на Фејсбук страната на „Балистот Морина“, на едно видео каде Мендух Тачи зборува позитивно за пуштањето на дронот со знамето на Голема Албанија на стадионот во Белград.“
И втората работа: без да се разбере зошто и без да се направи логичка врска, написот преминува директно на постирањето на споменатото лице за еден локал што се наоѓа во Тетово.
„Но ако се погледнат постирањата кои што се направени на оваа страна на Фејсбук, може да се види дека „Балистот Морина“, на 1 октомвеи бил во еден кафиќ во Тетово!!“
Не е јасна целта за објавувањето на информациите и причината зошто авторот сметал дека тие се од јавен интерес. На крајот на краиштата, каков јавен интерес може да претставува фактот каде пие кафе наведеното лице.
Псевдовестите од оваа природа и вршењето на новинарската професија, кои се засноваат само на постирањата на социјалните мрежи, се показател за непрофесионалноста или несериозноста на авторот.
(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
користи социјална мрежа како извор
неофицијални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
не може да се утврди
не може да се утврди
Не може да се утврди
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
побудува интерес
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови