verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Без амбиција да се пренесе точна, непристрасна информација

on 8 - 05 - 2015       

СДСМ-и-СОРОС-ја-нападнаа-полицијата-со-_-http___vecer.mk_makedonija_sdsm-i-so-crop-resize

 

[Рецензија: СДСМ и СОРОС ја нападнаа полицијата со шипки и камења – таа ги растера!]

 

Материјалот што е пред нас е необјективен, тенденциозен и уште со насловот ја дезинформира јавноста дека „СДСМ и СОРОС ја нападнале полицијата со шипки и камења“. И за ваквите тврдења, според веќе востановената практика, не се нудат никакви аргументи. Туку, веста е скроена во познатиот клеветнички манир дека зад секој проблем во државата стојат опозицијата и Фондацијата „Отворено општество Македонија“ (Сорос). Па, излегува дека тие се креатори на незадоволството и подбуцнувачи на тензиите во земјата, а инаку, сѐ е во најдобар ред!

СДСМ и СОРОС ја нападнаа полицијата со _ - http___vecer.mk_makedonija_sdsm-i-so

Линк до оригиналниот напис: СДСМ и СОРОС ја нападнаа полицијата со шипки и камења – таа ги растера!

Датум и време на објавување: 05.05.2015, 22:43

Датум на рецензирање: 06.05.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

А ЗОШТО СЕ ПРОТЕСТИРА?

Станува збор за фотовест која нема амбиција да пренесе точна, непристрасна информација и да им ја долови на читателите атмосферата од протестот пред Владата одржан на 5 мај 2015 година.

Најнапред, во написот воопшто не се кажува зошто се одржува и која е директната причина за протестот. Од него не може да се разбере дека повеќе илјади граѓани се собраа пред Владата по објавувањето на 29. политичка „бомба“, во која беа обелоденети прислушувани разговори кои, според опозицијата, сведочат за „болната вистина за убиството на Мартин Нешковски“.

Имено, неколку часа пред протестот, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, презентираше аудиоснимки, кои, како што рече, покажуваат дека власта го прикривала убиството на Нешковски. Според Заев, премиерот, неговиот шеф на кабинет, министерката за внатрешни работи и директорот на УБК, наводно, ја сокриле вистината за смртта на 24-годишното момче, кое беше убиено за време на прославата на победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 година, од припадник на специјалните полициски единици „Тигри“ (Игор Спасов). И тој, кога се случило убиството, наводно, „бил на должност“, а не како што тогаш тврдеше премиерот дека:

„се работи за лице во моментот не било по распоред на службена должност.“

 

ИСКРИВЕНА СЛИКА

Од друга страна, наспроти наводите во веста дека демонстарнтите се на „СДСМ и СОРОС“, граѓаните се собраа пред Владата со повици на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“. И, револтирани поради содржината на разговорите, тие бараа одговорност и оставки од премиерот и од министерката за внатрешни работи.

Во однос на тврдењата, пак, изнесени во написот дека демонстрантите, наводно,  ја „нападнале полицијата“, повеќе медиуми известија дека тензичната состојба на Илинденска „пукнала“ околу 22 часот, дури откако „полицијата почнала  да ја разбива толпата со димни бомби и шмркови“.

Но, материјалот што го рецензираме намерно го изместува тежиштето на настанот, манипулира со вистината и ги прикажува луѓето кои протестираа како насилници, а полицијата како жртва!

Па, веројатно, во прилог на таквата манипулативна улога се отстранети двете фотографии со кои првично беше илустрирана оваа куса вест. И, заменети со нови кои треба дополнително да го засилат впечатокот дека полицајците биле мета на „насилни и алкохолизирани“ демонстранти. При тоа, овој спинерски производ, во кој затаиле новинарските стандарди, создава искривена слика за протестот, која, пак, во целост се совпаѓа со перцепцијата што ја креира власта.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

и точни и неточни

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести