verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Спин на преписка на социјалните мрежи

on 8 - 05 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Хаос-во-опозицијата-Героски-и-Спасов-се-“запукаа“-Заев-проба-да-балансира-но-Героски-луто-му-одговори-crop-resize

 

[Рецензија: Хаос во опозицијата: Героски и Спасов се “запукаа”, Заев проба да балансира но Героски луто му одговори!]

 

Хаос во опозицијата  Героски и Спасов се “запукаа“  Заев проба да балансира  но Героски луто му одговориЛинк до оригиналниот напис: Хаос во опозицијата: Героски и Спасов се “запукаа”, Заев проба да балансира но Героски луто му одговори!

Датум и време на објавување: 27.4.2015

Датум на рецензирање: 3.5.2015

Рецензент: Александар Пешев

Кога ќе се порача на почитување на новинарскиот стандард за прозваната страна да се побара за мислење, не се мисли да се земат елементи од објави за истите да се искористат за новинарски спин. Токму тоа го имаме во оваа објава – обид за извртување, зачинет со коментари.

Самата објава почнува со коментар. Се констатираат состојби за кои не постои соодветна атрибуција:

„Откако граѓаните ја казнија деструктивната политика на Заев и Жерновски во опозицијата владее атмосфера на поделби, критики, разногласија и несогласувања“

На читателот не му се нуди доказ за ставот на граѓаните. Немаме анкета од граѓани ниту нешто слично. Објавата продолжува со цитирање елементи од комуникација преку социјалните мрежи. Не е невидено вакви објави да се употребуваат во новинарски труд. Јавно искажаниот став, особено ако е од јавен интерес, може да добие место во текст или во етер. Како и да е, ваквиот преглед тука добива навивачки елемент, преку јасно изјаснетиот коментаторски елемент во објавата:

„По ваквата преписка на опозициските експоненти со свој коментар се јави и претседателот на СДСМ, Зоран Заев“

Кој вели дека станува збор за „опозициски експоненти“? Нема докази дека двајцата прозвани се во партиското раководство на опозицискиот СДСМ, со што и самиот наслов на објавата може да се смета за неиздржан и за потенцијално лажен. Забележлива е тенденцијата на анонимниот автор да ги дискредитира лицата чии ставови ги пренесува. Кон ова уште и прашањето: толку ли е тешко да се побараат прозваните лица за изјава? Покрај тоа што преписките преку социјалните мрежи често се користат во професионални објави, не е оправдано истите да се употребуваат без обид на новинарот да добие став од прва рака. Доказ за таков обид не е наведен во видно спинуваната објава, која ја имаме како предмет на оваа рецензија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести