verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Прашања од историјата во актуелна политичка криза и тоа за туѓ уредник

on 8 - 05 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

crvenkovski-luevska-crop-resize

 

[Рецензија: Монодрамата на Црвенковски и ќутењето на Лупевска]

 

Текстов има намера да биде уредник на медиумот за кој се пишува. Си зел за право да посочи 10 прашања кои новинарката Снежана Лупевска требало да му ги постави на гостинот Бранко Црвенковски. И како во вицот како мали Ѓокица замислува, така и прашањата како да се диктирани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

crvenkovski-lu[evska

Линк до оригиналниот напис: Монодрамата на Црвенковски и ќутењето на Лупевска

Датум и време на објавување: 04. 05. 2015, 22:27

Датум на рецензирање: 06.05.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

НЕРЕАЛНИ ПРАШАЊА

Веднаш за текстот се поставува прашањето зошто Лупевска да мора да ги постави тие прашања. Секој медиум си има уредувачка политика и постапува по неа. Какви, пак, прашања ќе добие гостинот е работа на таа политика.

Дел од прашањата што според медиумот требале да бидат поставени се небитни за актуелниов момент. Кога новинар поставува прашање на соговорник, мора да внимава на актуелноста, тие треба да бидат во сооднос со времето и со настаните од поблиското минато. Не дека не може да се постави и прашање кое е поврзано со некои последици што произлегле од минатото, но тие не можат да бидат повеќе од актуелните прашања, како што се инсистира во текстот.

Едно од прашањата кои, според медиумот, требало да биде поставено е:

„Зошто повторно го штитите Верушевски и велите дека анонимни извори ви ги обезбедиле материјалите од прислушкувањето во 2001-ва година, кога постојат десетици изјави и сведоци вклучително и на луѓе од СДСМ кои тврдат дека Верушевски ви ги обезбедил тие материјали?“

Тоа што Верушевски му ги дал прислушуваните разговори во 2001 година (за што никаде нема доказ) не значи дека тој ги снимал. Можеби ги нашол и ги предал. Зошто би било ова прашање поактуелно, од тоа да се праша дали Црвенковски знае кој денеска на Заев му ги дал снимките.

Следното прашање кое наводно треба да се постави е:

„Со што Верушевски го заслужи директорското место во ДБК таа 2002-ра година?“

Зошто ова прашање би било актуелно по 13 години? Што тоа би сменило или каков придонес во дебата би дало? Затоа е крајно непотребно.

И понатаму текстот нуди прашања кои биле актуелни пред 15-20 години. На многу од нив Црвенковски и има дадено одговор. Зошто тие би се поставувале во оваа актуелна политичка состојба? Можеби на некое друго интервју, во кое ќе се разговара за историски пропусти и може да се постават, ама во интервју кое се прави со човек кој еднаш во годината излегува во јавноста и да се троши времето на небитни во моментов прашања е илузорно да се бара.

Текстов е и малку чуден. Зошто кога овој медиум има интервју со премиерот или кога зема изјава од него не го праша, на пример, следново:

1.Што мислите за снимките во кои се слуша како бирате плац на Водно?
2.Имате ли коментар на озборувањата од вашите министри директно насочени кон Вас и кон Владата со која што управувате?
3. Дали навистина сте местеле судии?
4. Каква опрема сте набавиле од Израел?
5. Зошто два дена се молчеше за убиството на Мартин Нешковски?

Да, и ова се легитимни прашања кои медиумот можел да ги постави. Но, не ги поставил кога имал можност и има целосно право на тоа. Така тие мислат дека е исправно и е според уредувачката политика. Без притоа тука да навлегуваме во новинарските принципи според кои медиумите треба да бидат коректор на власта и да поставуваат прашања кои се од интерес на јавноста.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести