verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Пристигна најступидниот наслов за оваа година

on 2 - 05 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

http___www.press24.mk_pristignaa-naj-crop-resize

 

[Рецензија: Пристигнаа најлошите вести за оваа недела]

 

Проблемот со оваа куса информација е насловот: „Пристигнаа најлошите вести за оваа недела“. Tој е целосно промашен. Од драматиката во насловната конструкција во содржината на текстот нема ниту трага. Всушност, во прашање е само најобична информација за временска прогноза.

http___www.press24.mk_pristignaa-najЛинк до оригиналниот напис: Пристигнаа најлошите вести за оваа недела

Датум и време на објавување: 27.04.2015, 10:50

Датум на рецензирање: 28.04.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

СТУПИДЕН НАСЛОВ!

Насловот, на прв поглед, прозвучува дека се случило нешто страшно! Асоцира на тоа дека имало некаква несреќа, не дај Боже, трагедија или природна катастрофа  со човечки жртви. Дека, можеби, пристигнале лоши вести на политички или економски план.

Нема ништо од сето ова. Станува збор за техничка вест, која информира какво време нѐ очекува во наредните три дена (од 27 до 29 април 2015 година). И, нема ни најави за страшно невреме, туку една сосема воообичаена прогноза за пролетен период.

Се предвидува дека ќе има „променливо и нестабилно време со повремен локален дожд“, со деневни темератури  кои ќе достигнат 26 Целзиусови степени. Тоа значи, воопшто нема место за ширење паника како што тоа го прави насловот, кој непотребно ја алармира и дезинформира јавноста дека стасале „најлошите вести“.

Исто така, во написот не е посочен изворот на информациите, па не е јасно од каде се добиени податоците што се користат. Но, според начинот на кој е пласирана веста, таа изгледа како да е преземена од  државната информативна агенција – МИА, каде истиот материјал е објавен претходниот ден во попладневните часови (26 април 2015 година во 17:38).

Материјалот што го рецензираме ја има истата форма, само е озаглавен со ступиден наслов! Веројатно идејата била да се привлече внимание и читаност, меѓутоа е направен сосема погрешен избор на насловната конструкција.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести