verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ДУИ и прави конкуренција на Алсат М. Приштинската тв 21 влегува со нивни амин!?

on 4 - 05 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

tv-21-crop-resize

 

Ова е текст кој има анонимни извори, што и не мора да е проблем, затоа што од поодамна е познато дека „ТВ 21“ доаѓа во Македонија. Тоа што во написот е новинарски неоправдано е што и текстот е анонимен, односно не е потпишан од автор.

tv 21Линк до оригиналниот напис: ДУИ и прави конкуренција на Алсат М. Приштинската тв 21 влегува со нивни амин!?

Датум и време на објавување: 23.04.2015, 17:35

Датум на рецензирање: 29.04.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ДЕЛУМНО ТОЧНО

Што се однесува до содржината на текстот, веста дека „ТВ 21“ од Приштина ќе зрачи во Македонија е вистинита.

„Зад одлуката Приштинската ТВ 21 да добие национална концесија за да може да емитува програма на целата територија на Македонија, ТВ 21 ја издејствувала со идеа и помош од ДУИ. Во ова им помогнале и коалициските вмровци.“

Но, погрешно е тврдењето дека телевизијата добила национална концесија. Вистината е дека оваа телевизија ќе биде кабелска, а тоа се потврдува и со записникот од седницата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 30 март 2015 година. Како петта на дневен ред е ставена точката: предлог-одлука за доделување дозвола на „Company 21“ ДОО од Приштина, Косово, за телевизиско емитување на програмски сервис преку ЈЕКМ што не користи ограничен ресурс, на државно ниво.

Ова покажува дека телевизијата ќе биде кабелска, а записникот од седницата е ставен на веб-страницата на Агенцијата. Во заклучокот се вели:

„Советот на Агенцијата го усвои Предлогот на Директорот на Агенцијата, д-р Зоран Трајчевски, бр.08-676 од 26.03.2015 година и едногласно донесе Одлука за доделување дозвола за телевизиско емитување на програмски сервис со претежно забавен општ формат, на државно ниво, на правното лице Друштво со ограничена одговорност “Company 21” ДОО, Република Косово, Приштина, Палата на медиумите – Анекс, со текст како што беше предложена.“

Ова покажува дека паѓа во вода тезата со која се тврди оти одлуката ја изгласале луѓе блиски на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што таа била донесена едногласно.

Според Законот за Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за дозвола за кабелска телевизија не се распишува конкурс, туку таа се добива со изгласување во Агенцијата.

Тоа се потврдува со член 69, став 3:

„За програмскиот сервис на радио или телевизија што се емитува преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс или преку сателит Агенцијата без јавен конкурс доделува дозвола за телевизиско или радио емитување.“

Оваа вест не е целосно точна. А, наводите можеле да се проверат и да се напише објективно, како што налага професионалното новинарство. Во веста, инаку, се спомнуваат имиња на новинари како можни уредници, но ниеден не е контактиран. Така овој напис губи и од содржајноста и од објективноста. Можеле да се контактираат и луѓе од Агенцијата кои би ја објасниле целата работа, но и тоа не е сторено.

Затоа тука имаме недовршена вест кој можела да излезе и комплетно точна само со неколку телефонски разговори со изворите.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

Не може да се утврди

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не е апликативно

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести