verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Искривена слика за наводен хаос и спин во полза на власта

on 2 - 05 - 2015       

FireShot-Screen-Capture-094-Расправија-во-СДСМ-кој-е-крив-за-неуспехот_-www_kurir_mk-crop-resize

 

[Рецензија: Расправија во СДСМ, кој е крив за неуспехот?]

 

Текстот што го рецензираме покажува колку се поважни партиските и лични интереси од јавниот интерес и од она што е важно за граѓаните. Во еуфоричниот триумфализам поради „пропаст“ на референдумот за ГТЦ, медиумот без ниеден факт, без повикување на каков било извор, на граѓаните им дава искривена слика од настанот и го опишува како причина за наводниот хаос во опозицијата, со што, всушност, го демаскира целиот спин во полза на власта.

Авторот само малку да ја согледал и анализирал реалната состојба и резултатите од гласањето на референдумот и да ги почитувал начелата на објективното новинарство, сигурно немаше да го напише ова. Особено зашто претседателот на Државната изборна комисија ги демантира со својата изјава сите наводи што се објавени во текстот.

Според тоа, непотпишаниот автор, и оној кој му наредил да напише ваков текст, треба да се покријат и да молчат.

FireShot Screen Capture #094 - 'Расправија во СДСМ, кој е крив за неуспехот_' - www_kurir_mkЛинк до оригиналниот напис: Расправија во СДСМ, кој е крив за неуспехот ?

Датум и време на објавување: 26.04.2015, 21.13

Датум на рецензирање: 27.04.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

АКО КОЗА ЛАЖЕ…

„Мачна и тензична е атмосферата во опозициските редови, каде се води жестока дискусија за тоа дали неработењето на Андреј Жерновски и немањето на проекти или пак лажните анкети кои ги објави агенцијата „Рејтинг“ на Ѓорѓи Спасов се криви за жестоката шлаканица кои денеска Зоран Заев и Андреј Жерновски ја добија од граѓаните на Центар.“

Ова е главната констатација на медиумот врз основа на која се базира целиот обид да им се сервира на граѓаните конструкција за хаосот и „пропаста“ на опозицијата поради лошите политики на градоначалникот на скопската Општина Центар, Андреј Жерновски, заради што, како што објаснува текстот, граѓаните биле „потполно незаинтересирани за оваа инцијатива“.

Создавајќи атмосфера на избори, текстот ги дисквалификува опозициската партија и лидерот на СДСМ. Авторот брза да ги наброи и другите „виновници“ и да ги сумира изборните резултати на СДСМ во изминатите две децении, иако станува збор за референдум и за една локална иницијатива.

„Дополнително, неуспешниот референдум во Центар, кој воедно значи и 11-ти пораз во низа за опозицијата, дебакл на политиките на Жерновски и пораз и за Заев, Шекеринска и Милчин, па сега на секој начин се бара виновникот за ваквото фијаско на опозицијата чија деструктивност е директно казнета.“

И овојпат е искористена шанса, што според Кодексот на новинарите на Македонија не е дозволено, за пресметка со своите колеги, па за „фијаско“ на референдумот е обвинет и новинарот Бранко Героски.

 

РОГ НЕ ЛАЖЕ

„На почетокот го спомнавме претседателот на Државната изборна комисија. Има ли пореферентен извор за резултатите на гласање од него-нема. Авторот тоа требало да го има во вид бидејќи Никола Рилковски, вели дека владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ го бојкотираше референдумот за ГТЦ, дека партиското членство било под притисок да не излезе на гласање и дека тоа е причината зошто не се постигна цензуот од 50 отсто за референдумот да биде успешен. Да беа избори опозицијата ќе имаше комотна победа. Тој вели дека, доколку се спореди со локални избори, излезноста од 40 отсто говори дека имаме комотна победа на опозицијата, и за градоначалникот и во бројот на советници. Според него оваа бројка е најголема за опозицијата до сега. Тој посочува дека неуспехот на референдумот за ГТЦ, се должи и на непрочистениот избирачки список и дека во него има гласачи од Пустец, т.н. фантомски гласачи, починати и граѓани со повеќе лични карти.“

 

НА ШТЕТА НА ГРАЃАНИТЕ

И во овој случај се среќаваме со доминација на партиските интереси на штета на интересите на граѓаните во медиуимите, што стана правило во овдешната политичка култура, а што претставува најгрубо можно кршење на основните начела на новинарските кодекси. Искористување на ФБ-коментари да се омаловажи еден демокртаски процес и да се искористи за дискредитирање на опозицијата, со заговарање дека мислењето на власта е единствено исправно, во овој случај е патоказ за едноумие и за одбрана на одредена политика за сметка на професионалното информирање.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести