verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Примитивизам на дело-Људмил Спасов со недолично однесување на денешна професорска прес-конференција

on 10 - 01 - 2015       

FireShot-Screen-Capture-069-ВИДЕО-Примитивизам-на-дело-Људмил-Спасов-со-недолично-однесување-crop-resize

 

Рецензираме текст кој може да се смести во револверашко новинарство со една единствена цел, да се пука со сите дозволени и недозволени средства на опозицијата и на нејзините приврзаници, членовите на најблиското семејство, невладини и граѓански организации и здруженија, без оглед дали имаат или немаат врска со некој настан.

FireShot Screen Capture #069 - 'ВИДЕО_ Примитивизам на дело- Људмил Спасов со недолично однесување на денешната професорска преЛинк до оригиналниот напис: Примитивизам на дело-Људмил Спасов со недолично однесување на денешна професорска прес-конференција

Датум и време на објавување: 5.01.2015, 23:21

Датум на рецензирање: 8.01.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

ПОЛУВИСТИНА

Текстот се осврнува на настанот пред хотелот „Александар палас“, во кој професорската бранша закажа прес-конференција во врска со измените на Законот за високото образование, со кои се воведува државен испит за студентите. Премиерот ниту бил поканет, ниту го најавил своето присуство на овој настан и дошол непоканет. Во написот централаната тема на собирот е маргинализирана, а, типично за таблоидите, од една маргинална забалешка на професорот Људмил Спасов за време на настанот, се прави афера за да се омаловажи, дискредитира и да се прикаже како лик со недолично однесување. Притоа, му се „става во устата“ и она што тој не го рекол.

Право на новинарот е да напише што мисли. Но, не смее да извртува и фалсификува факти. Професороот Људмил Спасов пред почетокот на дебатата надвор од хотелот, кога се појавил премиерот, дофрлил: „Те покани некој?“.

По слободна волја и проценка, за да му се даде поголема тежина на настанот, кој и во насловот се најавува како „Примитивизам на дело на Људмил Спасов“, додаден е уште еден збор, „бе“, кој професорот Спасов не го изговорил, како што може да се види и чуе и од снимаката на настанот. Со тоа на целиот настан му дава друга конотација.

„-Те викна некој бе, беше краткото довикување на Спасов кон премиерот.
Ваквата примитивна комуникација секако не му доликува на еден професор, особено што професорите беа тие кои повикуваа на дебата, а сега видниот фунционер на СДСМ му довикува на премиерот “те викна некој бе“.

 

ВИРТУЕЛНА СТВАРНОСТ

Секое искривување на сликата од настанот е лажирање и се добива бесрамна содржина полна со дезиинформации, фабрикувани афери, интриги во кои консументот треба да поверува. Без никаква причина, иако партијата СДСМ со настанот нема апсолутно никаква врска, нејзиното име во негативна конотација се спомнува дури пет пати, а во приказната се уфрлаат и НВО „Транспарентност“, Институт „Прогрес“ заедно со цела галерија на угледни јавни личности, почнувајќи од синот на профеосрот Људмил Спасов, Александар, за да се дискредитираат и да се прикажат како режисери на овој „циркус“.

„Името на Александар Спасов се поврзуваше заедно со имињата на Ванчо Узунов, Ѓунер Исмаил, Гордан Георгиев и Сашо Ордановски, сите сегашни или поранешни високи фунционери на СДСМ како дел од раководството на Транспарентност Македонија.“

 

ПЛУКАЊЕ ПО НАРАЧКА

Волтер Липман во својата шема за историскиот развој на новинарството истакнува четири фази: нивната подреденост на монополот на власт, подреденсот на контролата на политичките партии, постапна независност благодарение на сопствената читателска публика и медиуми во служба на општоприфатените идеали на слободно општество.

Ваквиот тип на медиумски производ не би можел да постои без силна поддршка која ја контролира некој центар на моќ. Тој диктира кој треба преку медиумот да се исплука, кој да се остави на мира, а кој да се заштити и не смее да се допира. Ако некој и би се осмелил да го допре недопирливиот, како во овој случај, се ангажира целиот штаб кој треба да ја смисли приказната со која кај граѓаните ќе се поттикне инстиктивна омраза кон непријателот – опозицијата и нејзините приврзаници што во последното време почнува да метастазира во опасна нетрпеливост и кон сосема недолжни граѓани доколку само се во близина на настанот кој медиумот го оценил како опозициски.

Што да се прави? Одговорот е едноставен, мора да се избориме за почитување на домашните и на сите меѓународни кодекси и инструкции за новинарите.

Прекршени се членовите 1, 10 и 14 на Кодексот на новинарите на Македонија.

Член 1. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

 

Член 10. Новинарот нема свесно да создава ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи…

 

Член 14. Известување од политичките процеси, треба да биде непристрасно, новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политички субјекти.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести