verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Откако рикна К15, на Бубо и компанија сите им се виновни

on 15 - 01 - 2015       

Откако рикна К15  на Бубо и компанија сите им се виновни NetPress-crop-resize

 

Овој напис е полн со коментари, политички е пристрасен и изобилува со лични навреди и напади, упатени кон членовите на продукцијата „К-15“. Повод за ваквите напади, претпоставуваме, е интервјуто на Бубо Каров, дадено истиот ден за „Радио Слободна Европа“. Во текстот нема никакви факти и аргументи, туку само претпоставки и тврдења на авторот, чијашто точност не може да се потврди. Овој текст, меѓу другото, е и коментар, но без потпишан автор.

Откако рикна К15  на Бубо и компанија сите им се виновни   NetPressЛинкуван наслов на анализираниот напис: Откако рикна К15, на Бубо и компанија сите им се виновни

Датум и време на објавување: 11.01.2015

Датум на рецензирање: 15.01.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

Авторот на текстот уште на самиот почеток изнесува заклучоци кои се непроверени и за кои нема никакви факти. Во оваа рецензија, ќе се задржиме само на неколку.

„Кога за 200 евра се снимаше реклама, тие наплаќаа по 5000. Плус екстра пари за секое емитување. Кај нив се чекаше ред за да ти снимат реклама. Види, можело. И дечките решија: „Ај ќе правиме бизнис“. Ама ако те бива за смешки не значи дека си добар и во се друго!“

Она што е спорно во овој дел од написот е колку навистина чинела една реклама во продукцијата „К-15“. Дали услугите за реклама се наплаќале по 200, 300, 1.000 или 5.000 евра, не може со сигурност да се каже. Тоа е само претпоставка на авторот, а без доказ и аргумент таквата претпоставка може да се оцени и како лажна. Тоа остава простор за создавање на погрешна слика во јавноста и појава на несигурност кај читателот. Ако навистина за реклами членовите на „К-15“ наплаќале високи и надреални суми, потребно е тоа да биде поткрепено со некакви факти и докази. И да биле сумите високи, тоа сигурно било затоа што имало интерес кај клиентите да се рекламираат кај нив, а не затоа што некој со сила ги терал тоа да го прават, или, пак, дека не можеле да се рекламираат во други агенции. Како што вели и самиот автор на текстот „Кај нив се чекаше ред за да ти снимат реклама“. Тоа не ги прави виновни за висината на рекламите кои ја одредувале, ниту, пак, за тоа што сега нема кој да се рекламира кај нив.

Бубо Каров во едно интервју за „Фокус“ дадено пред две години, на прашањето, „Какво е расположението кај фирмите, сакаат ли да се рекламираат кај вас?“, одгвара „Сакаат и до ден-денес, меѓутоа, некои од нив имаат лоши искуства, а пресудно мислам дека е нестабилната бизнис-клима: сите се повлечени, не се експонираат и чекаат подобри времиња. Или, пак, тоа е само изговор, бидејќи сега рекламниот простор е поевтин од кога било“.

Понатаму, авторот на текстот, набројувајќи ги бизнисите со кои „дечките од К-15“ се занимавале, се осврнува на кафе-барот „Тутуноберачите“ и причината за неговото затворање.

„Како почна, така и заврши. Најчести гости во неа беа самите тие и нивниот мал круг на пријатели, а најголеми потрошувачи – повторно поединци од нив самите. Само што многу повеќе пијеа од што заработуваа. И што друго можеше да се случи освен неминовното, „Тутуноберачите“ – пропаднаа!“

Во овој дел од написот авторот користи лични навреди и напади, што не е етички и е недозволиво во еден новинарски текст. Нема конкретни докази, која била причината за затворањето на овој кафе-бар, нема аргументи колку овој бизнис им бил исплатлив на сопствениците на „К-15“ и зошто одлучиле да му стават клуч на врата на објектот. Дали некој пиел или не, и колку пиел, е лична и приватна работа и тоа не треба да се користи како аргумент за да се манипулира читателот.

Третата работа која ја спомнува авторот е преминувањето на „К-15“ на националниот сервис МРТ и емитувањето на нивните скечеви на оваа телевизија.

„Кога колата почна сериозно оди надолу, „дечките“ од К15 се свртеа кон државата. И денес се говори за милионскиот договор во денари со МТВ, за нивното преоѓање на националниот сервис. Само што времето ги беше полека прегазило, смешките им беа се побледи и понеубедливи, репризите бајати, а гледаноста се помала…“

Ова е класичен пример за чаршиски муабет. Никаде не е прикажан „милионскиот договор“ кој се спомнува во текстот, ниту, пак, има конкретни изјави за тоа што точно се случило во овој случај. Како контрааргумент на ваквото тврдење на авторот, е изјавата на Бубо Каров дадена во погореспомнатото интервју за „Фокус“, а во која вели: „Отидовме во МРТВ со намера да помогнеме таа да си го поврати стариот сјај, бидејќи врв во новинарството и престиж секаде во светот е да се работи во национален медиум. Кога го направивме тој потег, прво едната страна нѐ прогласи за предавници, а другата за јунаци. Потоа, кога МРТВ не си ги исполни финансиските обврски кон нас, и едните и другите нѐ прогласија за пљачкаши. Невидена дволичност. Тоа доаѓа од менталитетот“.

Четвртата поента од текстот, која, исто така, е нерагументирана и која е предмет на наша рецензија, е телевизијата „К-15“ и причината за нејзиното згаснување, односно продавање.

„И тоа им беше малку, па на крај се осоклија и направија и своја телевизија. не ни почнаа да работат, а веќе ја продадоа. К15 ТВ, со старата излижана концепција, старите епизоди на Цацко, Миле-Паника и Тошо Малерот… едноставно не ја биваше.“

Во 2008 година, уредниците на „К-15“ одлучија да формираат свој независен телевизиски канал познат како „К-15 телевизија“. Каналот претежно емитуваше македонска музика со повремено емитување на скечови и реклами од „К-15“. Каналот и беше достапен и преку сателитската телевизиска мрежа. Телевизијата работеше две години, сѐ до ноември 2010, кога беше купена од медиумскиот могул и сопственик на „Пинк медиа груп“ (Pink media group), Жељко Митровиќ. Во тоа време „Алфа телевизија“ беше сериозен конкурент и таму била испратена екипа на „Пинк“ која вршела подготовки за преземање на македонската национална телевизија, но, на крајот, сепак, се одлучија за „К-15 телевизија“. Митровиќ преговарал и со уште две телевизии.

Во македонските медиуми стана практика, вакви коментаторски текстови, без потпишани автори, да се пласираат за да се изврши напад врз одредени личности или групи, а сè за да се манипулира јавноста без никакви конкретни докази и аргументи. За тоа кој бил или е виновен за згаснувањето на „К-15“ постојат изјави и сведоштва од сопствениците на продукцијата кои можат да се наведат во текстот, а како нивни контраагрумент, да се бараат изјави од сопствениците на медиумите посочени во таквите изјави. Факт е дека шоуто кое шест години по ред беше избирано за најдобра ТВ-емисија, кое доби три награди за Личност на годината, неколку награди „Златна бубамара“ за најдобра емисија и наградата „Народни херои“, повеќе не се емитува на македонските ТВ-екрани. Според истражувањето на јавното мислење на Брима, маркетингот и медиумите во 2005 година, „К-15“ ја следел аудиториум од 1 милион и 535 илјади гледачи.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести