verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Ова се разбојниците, тепачите и ајдуците на полицискиот ден

on 15 - 01 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

http___lokalnomk_ova-se-razbojnicit-crop-resize

 

Насловот: „Ова се разбојниците, тепачите и ајдуците на полицискиот ден“, прозвучува како да се случило своевидно спектакуларно апсење на некаква разбојничко–криминална група и тоа баш на Денот на полицијата! Но, од ваквата драматика најавена во насловната конструкција, нема ниту „д“ во редовите што се исшпишани подолу во написот, поточно препишани од полицискиот билтен. Ниту, пак, станува збор за Денот на македонската полиција, бидејќи тој е на седми мај, а не на 14 јануари.

http___lokalno.mk_ova-se-razbojnicit

Линк до оригиналниот напис: Ова се разбојниците, тепачите и ајдуците на полицискиот ден

Датум и време на објавување: 14.01.2015, 13:02

Датум на рецензирање: 15.01.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

ПРЕПИШАН ПОЛИЦИСКИ ИЗВЕШТАЈ

Податоците наведени во материјалот се вистинити. Информацијата е проблематична поради начинот на кој е пласирана. Иако не е наведен изворот, видливо е, односно, премногу е очигледно дека се работи за дневен полициски извештај.

Фактички, пред нас имаме комплетно препишан билтен од МВР – објавен на интернет-страницата на Министерството на 14 јануари 2015 година, кој без никаква новинарска доработка на читателите им е подметнат како вест.

Згора на тоа, препишаниот полициски извештај, кој, патем, бележи сосема вообичаени активности на полициските службеници,  е озаглавен со целосно промашен наслов:

„Ова се разбојниците, тепачите и ајдуците на полицискиот ден“

А, како илустрација е употребена фотографија на која се прикажани двајца полицајци сликани од зад грб. Тоа изгледа некако неумесно,  дури и смешно.

Пропустите што се направени не може да се оправдаат со брзањето да се објави информацијата. Впрочем,  и не е во прашање некаква ексклузивна вест.

Па, гледано од професионален аспект, несомнено можело да се вложи барем малку труд, колку да се избегне крутиот полициски речник и да се направи друг избор на насловната конструкција и на илустрацијата. Тоа не бара многу време, но така оваа содржина би заличила на новинарски производ.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести