verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Да се создадат услови да не се прикриваат информации во вестите

on 5 - 05 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

ОРАВ_-Да-се-создадат-услови-опозицијата_-http___www.telegrafmk_aktuelno-crop-resize

 

[Рецензија: ОРАВ: Да се создадат услови опозицијата да се врати во Собранието]

 

Овој извештај од прес-конференцијата на евроамбасадорот Аиво Орав, (30 април 2015) година, посветена на одбележувањето на денот на Европа  – 9 Мај, акцентот го става на опозицијата. И затоа е направен таков избор на насловната конструкција, во која се нагласува повикот до опозиционерите да се вратат во Собранието. Истовремено, во текстот се премолчени најважните пораки – оние упатени на адреса на власта. Тоа говори за (не)објективноста во известувањето и за тоа на која страна натежнува написот.

ОРАВ_ Да се создадат услови опозицијата_ - http___www.telegraf.mk_aktuelno_makeЛинк до оригиналниот напис: ОРАВ: Да се создадат услови опозицијата да се врати во Собранието

Датум и време на објавување: 30.04.2015, 14:36

Датум на рецензирање: 01.05.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

ПРЕМОЛЧЕНИ НАЈВАЖНИТЕ ПОРАКИ

На читателите им е пренесена информација од  официјален настан, но тоа е направено на селективен начин. Извор на иформации е прес-конференцијата на амбасадорот на Европската унија во Македонија и неговата изјава е точно пренесена, само е наменски „кроена и моделирана“. Па, затоа од содржинскиот дел и од насловот се добива впечаток дека во фокусот на настапот на евроамбасадорот, била опозицијата. Меѓутоа, дали е тоа така?

Во материјалот намерно е ставена „брана“ за прилично јасните забелешки на Орав кои се однесуваат на власта, а кои можеа да се слушнат или прочитаат во некои од медиумите:

„Дури и ако се најмат најдобрите пишувачи на говори да напишат говор за борбата со корупцијата, тоа не значи дека состојбата со корупцијата ќе се подобри. Во следните денови, недели се очекуваат повеќе дела, помалку убави зборови“

 

„Ако продолжите само да зборувате, а ние не најдеме ништо позитивно да напишеме во извештајот за напредокот, тогаш препораката за започнување преговори ќе биде доведена во прашање“

 

„Кога минатата недела земјите членки на Европската унија ги усвоија заклучоците на Европскиот Совет во Брисел, тие го употребија терминот сериозно загрижени. Дипломатски, нема многу што да додадеме. Сериозно загрижени. Иако, оваа одлука не го доби потребното внимание во оваа земја, а јазикот е многу јасен.“

 

„Не е важно кој е медијаторот, дури и да е генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, не сум сигурен дека ќе има подобри резултати ако партиите не стават сериозни предлози на маса за излез од оваа ситуација“

Овие важни поенти искажани на прес-конференцијата на евродипломатот, даваат сосема поинаква слика за суштината на неговите пораки и за тоа кому се тие првенствено упатени. А таа, значително отскокнува од перцепцијата што се наметнува со текстот што го рецензираме.

Основната задача на новинарите е да ја почитуваат вистината, а нивна должност е при пренесување на информациите да бидат чесни, објективни и точни, како и да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите. Но, токму овие темелни принципи во новинарството, искажани во преамбулата на новинарскиот Кодекс, не се испочитувани во материјалот што е предмет на ова рецензија и кој заслужува негативна оценка. Бидејќи, нештата ги претставува половично и креира во јавноста нереална слика, фаќајќи го само аголот што ѝ одговара на власта.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести