Рецензија: Колку, што и зошто учат денешниве деца?
Објавено во Рецензии
on 4 - 07 - 2013 Автор: AdministratorСеопфатна, објективна, но и предолга анализа на речиси сите аспекти на образовниот систем.
Линк до оригиналниот напис: Колку, што и зошто учат денешниве деца?
Датум и време на објавување: 22.06.2013, 14:16
Датум на рецензирање: 04.06.2013
Рецензент: Соња Здравеска
Вистинитост: Написот се темели врз податоци од официјални институции, изјави на луѓе вклучени во образованието и истражувања на невладини организации.
Извори на информации: Авторот ги консултира сите засегнати страни – од учениците и професорите, до експертите и бизнисмените, притоа користејќи и податоци добиени во актуелни истражувања. Отсуството на став од Министерството за образование или некој друг официјален орган можеби е единствената слабост на овој текст во однос на користените извори.
Содржајност: Користејќи голем број релевантни извори, авторот постигнува солидна сеопфатност на написот.
Пристрасност: Текстот е балансиран и авторот се труди да ги пренесе мислењата на што поголем број засегнати од темата.
Оригиналност/Плагијат: Написот е оригинално дело со наведен автор.
Квалитет на насловот: Во насловот е поставено легитимно прашање „Колку, што и зошто учат денешниве деца?“ кое авторот до крајот на текстот во голема мера успева да го одговори.
Фотографија: Написот е илустриран со десетина соодветни фотографии, од кои секоја е со наведен извор.
Уреден за веб: Написот е добро уреден, поткрепен со фотографии и едно видео и поврзан со слични написи. Единствен проблем што се забележува е должината на текстот. Тој е предолг дури и за најзаинтересираните за оваа тема, а за целосно читање се потребни најмалку десетина минути, што е премногу за текст објавен на веб.
Заклучок: Тешко е да се сумира целокупното македонско образование во еден новинарски текст. Авторот овде прави добар обид – консултира релевантни извори и поставува добри аргументи. Сепак, се чини дека првичната тема се проширува во сите сегменти на образованието, со што како резултат се добива предолг напис со разводнета поента и намалена ефективност.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).