Одржана обука за говор на омраза за новинари
Објавено во Активности
on 4 - 07 - 2013 Автор: AdministratorНа 19.06.2013 година во ГЕМ клубот во Скопје, се одржа обука за говор на омраза за новинари. Обуката беше наменета за новинарите кои учествуваат во проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, која е имплементирана од страна на Метаморфозис.
На четиричасовната обука учество земаа 10 новинари, кои се запознаа со практиката на Европскиот суд за човекови права во конкретни случаи поврзани со говор на омраза, случаи од Македонија и светски познати случаи, а анализирани беа и голем број на законски и подзаконски акти поврзани со оваа тематика. Oбучувач на работилницата беше Жарко Трајановски, м-р по човекови права.
Користени материјали на обуката:
- Информативен документ – Говор на омраза
- Извадоци од документи на Советот за радиодифузија
- ЗНМ – случаи со говор на омраза
- Црна книга (стр. 4-10)
- Прирачник за етика во новинарството (стр. 35-36)
- Медиумите, говорот на омраза и маргинализираните заедници: Водич за медиуми (стр. 74-79)
- Правна анализа на концептот на казненото дело на омраза и говорот на омраза (стр. 51-62)
Обуката за препознавање и избегнување на говорот на омраза беше одлична. Особено корисно беше тоа што предавачот главен акцент стави врз примерите од судската пракса и начините на кои институциите (не) го третираат говорот на омраза.
Го повикувам организаторот во најскоро време да спроведе и обука за идентификување и избегнување на навредата и клеветата во медиумите, исто преку практични примери од судската пракса. Сметам дека ова ќе биде корисно за секој новинар и со оглед на големиот број актуелни судски предмети покренати за клевета и навреда, но и заради фактот што законската регулатива за ова неодамна претрпе промени, кои, во најмала рака, се сметаат за контроверзни.