verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Австриската амбасада во Скопје загрижена, ЕВН ќе ја обжали одлуката на регулаторите!

on 4 - 07 - 2013       

Текстот третира актуелна тема (реакции на ЕВН и на Австриската амбасада по повод поевтинувањето на струјата), која речиси воопшто не е обработувана од другите медиуми, но во обработката на темата е пристапено еднострано, односно без да се слушне мислењето на официјалните органи кон кои се упатени реакциите.

Рецензија: Австриската амбасада во Скопје загрижена, ЕВН ќе ја обжали одлуката на регулаторите!Линк до оригиналниот напис: Австриската амбасада во Скопје загрижена, ЕВН ќе ја обжали одлуката на регулаторите!

Датум и време на објавување: 29/06/2013, 12:09

Датум на рецензирање: 01/07/2013

Рецензент: Ѕвездан Георгиевски

Вистинитост: Текстот го објаснува ставот на ЕВН за штетата што поевтинувањето на струјата ќе го направи врз оваа компанија, но недостасува објаснување врз основа на кои параметри е донесена ваквата одлука.

Извори на информации: Како извори се користат соопштенија на ЕВН и Австриската амбасада, меѓутоа недостасува втората страна, односно Регулаторната комисија или други официјални органи што би можеле да реагираат на обвиненијата на ЕВН и Австриската амбасада.

Содржајност: Иако во текстот се дава и извесен бекграунд, односно историјат на односите меѓу Владата на Република Македонија и ЕВН, сепак тој е несеопфатен бидејќи не се наведуваат причините за одлуката струјата да поевтини.

Пристрасност: Во написот, освен што отсуствува втората страна, нема обид да се образложи реакцијата на Австриската амбасада, која, најблаго речено, не е вообичаена во дипломатската практика.

Коментирање: Во написот непристрасно се пренесуваат аргументите на ЕВН, без нивно коментирање, иако станува збор за мошне осетлива тема за македонскиот граѓанин.

Оригиналност/Плагијат: Иако како извори се користат исклучиво соопштенија, текстот може да се смета за оригинално дело, затоа што новинарот направил напор сето тоа да го вкомпонира во еден сериозен новинарски продукт.

Квалитет на насловот: Насловот прецизно ја одразува содржината на текстот.

Фотографија: Текстот е илустриран со фотографија од фирмата на ЕВН, што е прилично неинвентивно решение.

Говор на омраза: Амбицијата на текстот е да биде информативен, така што се избегнати сите варијанти на навредлив говор.

Заклучок: Иако не доследен во обработката на темата, текстот е интересен затоа што третира актуелна тема, која, од некои причини, отсуствува во другите медиуми.Рецензија: Австриската амбасада во Скопје загрижена, ЕВН ќе ја обжали одлуката на регулаторите!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести