verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ЈОВАНКА БРОЗ: Тито и на 60 години не користеше вијагра

on 16 - 10 - 2013       

jovanka-broz-tito-i-na-60-godini-ne-ko-crop-resize

Прво што упаѓа во очи кога е овој текст во прашање е насловот, кој не само што е сензационалистички и провокативен, туку е и очигледна невистина. Написот содржи интимни детали од брачниот живот на поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито и неговата сопруга Јованка Броз и е нешто потскратен превод на напис објавен на порталот telegraf.rs, чијшто извор, како што е наведено бил порталот pressoline.rs. Оттаму потекнува и насловот, кој овде е парафразиран, па наместо тврдењето дека на Тито не му била потребна вијагра ниту на 60 години, се тврди дека тој не користел вијагра, што се две различни тврдења!

Вијаграта, која е фармацевтски производ за лекување на еректилната дисфункција кај мажите, била пронајдена 11 години после смртта на Јосип Броз, во 1991 година, а бил одобрен за употреба од американската агенција за лекови (ФДА) во 1998 година , и, како светски познато револуционерно откритие, на голем дел од читателската публика и е јасно дека не можел ни да му биде достапен на југословенскиот претседател, кој почина во длабока старост во 1980 година, па затоа насловот истовремено е и депласиран.  Откако ќе се прочита целиот текст станува очигледно дека се работи само за маркетиншки потег или таканаречен “teaser headline” чијашто намена е да го „замрзне“ вниманието на читателот врз текст со провокативен наслов и да му ја „продаде“ содржината, односно да го испровоцира да се заинтересира за купување на биографијата на Јованка Броз која деновиве треба да излезе од печат. Во оригиналниот текст и дословно стои дека сите останати детали читателот може да ги прочита во биографијата на Јованка Броз, која ќе им биде достапна наскоро.

Освен наменскиот наслов-провокација, написот е доста штуро четиво во кое се нафрлани две-три пикантерии од интимата на брачниот пар Броз: наводното „објаснување“ на Тито зошто сакал млади жени, дадено, како што стои „ во една прилика“, како и исказот на Јованка, прераскажан од личниот лекар на Тито, дека таа му се пофалила за виталноста на сопругот, кој и на 60 години бил „ како младо момче“, сето тоа проследено со пригодно „објаснување“ дека на вдовицата на Јосип Броз Тито со децении и било забрането да зборува, па досега не можела да објави мемоари, иако за тоа и биле нудени милиони долари!

ЈОВАНКА БРОЗ: Тито и на 60 години не користеше вијаграЛинк до оригиналниот напис: ЈОВАНКА БРОЗ: Тито и на 60 години не користеше вијагра

Датум и време на објавување: 9.10.2013, 11:38

Датум на рецензирање: 13.10.2013

Рецензент: Југослава Дуковска

Вистинитост: Текстот е своевидна најава на содржината на мемоарите на Јованка Броз, кои деновиве треба да ѝ бидат претставени на читателската публика во Република Хрватска, но за кои, не е тешко да се претпостави, ќе постои огромен интерес и на останатите простори на поранешна Југославија. Фактите презентирани во написот не се проверливи, бидејќи се работи за интимни тајни на брачниот пар Броз.

Содржајност: Впечаток е дека написот немал ниту амбиција да биде сеопфатен, бидејќи донесува само неколку пикантни детали од интимата на брачниот пар Броз, за кој досега јавноста била многу штуро информирана во однос на деталите од  нивниот приватен живот, а за останатите детали читателите ги упатува на биографијта на Јованка.

Пристрасност: Тврдењето дека вдовицата на Јосип Броз досега молчела за интимата на својот брак со Тито оти било така наредено „од врвот“ иако ѝ биле нудени милиони долари за да прозбори, јавноста не може да го провери, но затоа пак тоа гарантира дека нејзините мемоари ќе бидат купувани и читани, па не е тешко да се претпостави дека „протечувањето“ на интимните детали во овој и слични текстови, ветуваат добра заработка за издавачите.

Квалитет на насловот: Иако даден во форма на негација („НЕ користел вијагра„) насловот дезинформира зашто и да сакал Тито не можел да користи вијагра, бидејќи во негово време таа не постоела! Сензационализмот во овој случај ги надминал границите на невкус и бесмисленост.

Заклучок: Несомнено е дека деталите за славните личности, истакнатите политички фигури, државници од висок профил, каков што бил Јосип Броз Тито, секогаш предизвикувале и ќе предизвикуваат интересирање кај најшироката читателска публика. Јавноста, впрочем, има право да дознае повеќе за своите политичари, дури и кога тие веќе се заминати од политичката сцена. Објавувањето на најинтимни детали, како што биле сексуалните  афинитети или каква била потенцијата на овие луѓе, сепак не може да се смета како потег од јавен интерес и спаѓа повеќе во доменот на работењето на жолтиот, сензационалистички печат, кој најчесто изобилува со невкус.

Кога на ова ќе му се додаде примарната интенција на ваквиот текст, не да информира туку да продаде конкретна стока на пазарот, во случајов автобиографија на вдовицата на поранешниот југословенски претседател, тешко дека може да се очекува во ваквиот и сличните написи да бидат запазувани новинарските стандарди.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

квалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести