verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Интелектуалците реагираат на злоупотребата на ЕУ од страна на Венизелос

on 28 - 01 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

Венизелос Сител Телевизиј 1007-2467-crop-resize

Рецензираме еден прилог од кој ништо не е јасно. Медиумот зборува дека: „здружените интелектуалци со отворено писмо до ЕУ и НАТО“…  …„бараат да ги спречат грчките власти од намерата да го искористат претседавањето со советот на ЕУ за свои државни цели“... Многу тешки зборови со ништо неаргументирани. Затоа и го рецензираме прилогот.

FireShot Pro Screen Capture #101 - 'Интелектуалците реагираат на злоупотребата на ЕУ од страна на Венизелос I Сител ТелевизијЛинк до оригиналниот напис: Интелектуалците реагираат на злоупотребата на ЕУ од страна на Венизелос

Датум и време на објавување: 26.01.2014,  16:43

 Датум на рецензирање: 27.01.2014

Рецензент: Александар Писарев

Вистинитост: Во написот ни со еден аргумент не се потврдува веродостојноста на она што е објавено: „Здружените интелектуалци со отворено писмо до ЕУ“. Ако писмото е отворено и ако интелектуалците се здружиле, тоа би требало на некој начин да се докаже и  да им се презентира содржина на писмото на граѓаните. Формулациите се нејасни, па не може да се одреди ни за чии интелектуалци станува збор. Во ТВ прилогот на снимкикте се главно грчките политичари, па се добива погрешен впечаток, а изјавата е на „неименуван“ интелектуалец во чиј лик сите го препознаваат бугарскиот интелектуалец Стефан Мицов Влахов. Изјавата на еден интелектуалец не може да се третира како множина. Наводите во текстот не се вистинити.

Извори на информации: Нема ниеден извор на информации со кој би се докажале тезите изречени во прилогот – дека и нтелектуалците упатиле писмо.

Содржајност: Содржината е нејасна, конфузна и ја збунува публиката, која не може да разбере за што, всушност, се работи и кој протестира до ЕУ. Не е јасно ни на кого интелектуалците треба да му забранат: „лицето на фашизмот во име на Европа да дојде во Македонија“.

Пристрасност: Невешто скриена пристрасност кон владините политики за сите неуспеси на евроатланскиот пат на Македонија да се обвини соседна Грција. Овојпат пристрасноста е завиткана во некаква си обланда на лажно писмо и лажен протест на „здружените интелектуалци“, кои треба да ја спречат Грција во „обидот да разбуди меѓуетнички и граѓански немири во Македонија“.

Оригиналност/Плагијат: Прилогот е оригинално авторско дело со потпис на авторот.

Квалитет на насловот: Некреативен и лажен наслов кој треба убедливо да делува врз читателите, да ги убеди и да ги наведе на  погрешно мислење за да поверуваат во неговото тврдење дека „Интелектуалците реагирале на“…

Фотографија: Фотографијата не е адекватна на содржината. Прилогот зборува за интелектуалците, а на фотографијата го гледаме грчкиот министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос. Дали е тој во таа група „здружени интелектуалци“ ?. Зошто немаме фотографија на група „здружени интелектуалци“ или барем факсимил на „упатеното писмо“.

Говор на омраза: Не е експлицитен, но тон се чувствува меѓу редовите на прилогот …„згрозени од последните изјави на грчкиот министер…“  …„ ја злоупотреби функцијата на претседавач“…

Заклучок: Прилогот е направен во моментот кога треба да ги задоволи некои емотивни чувства на поширокиот аудиториум и контекстуално е условен од одредена политичка клима. Притоа е врзан за одреден политички настан „да ги запрат грчките власти во намерата да го искористат претседавањето со советот на ЕУ“.  Влегува во митови и симболи кои се политички инструментализирани за производство на омраза и антипатија према јужниот сосед без да се дистанцира од нив.

Одговорноста на новинарот во овој случај е многу голема. Се повикува на мнозинство, на група „интелектуалците реагираат“…  а во прилогот има изјава само на еден интелектуалец, кој, со оглед на тоа што не е од Македонија, проблемот може да го гледа и на него да регира од дистанца. Ако сакал да каже и да ѝ инпутира на Грција дека, како претседавач на советот на ЕУ, ќе го донесе фашизмот во Македонија, …„и да спречат лицето на фашизмот во името на Европа да дојде во Макеоднија“... тезата е мнгу опасна и контарпродуктивна за европскиот пат на Македонија, воедно е и навреда за ЕУ и за претседавачот на Советот на ЕУ во наредните шест месеци. Сé тоа вкупно може да има понатамошни многу негативни импликации по евроатланските перспективи на Македонија.

Згора на тоа, написот со никакви факти не е потврден. Не е е вистинит. Граѓаните се изманипулирани со лажни конструкции дека, ете, интелектуалната елита реагирала. Тоа не е точно, или барем од овој напис не можеме да бидеме сигурни дека се случило.

Не е испочитуван член 1. од Кодексот на новинарите на Македонија.

Член 1.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

скриен меѓу редови

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести