verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Грција вознемирена од средбата во Берлин

on 12 - 11 - 2013       

www_dnevnik_mk__ItemIDF3AB7B53EE2BAE42A07559C6486AE166-crop-resize

Грција вознемирена од средбата во Берлин“ е насловот кој делува примамливо за читателите, со оглед на деценискиот спор помеѓу Македонија и Грција за името и вртењето во круг околу можното решение. Авторот тврди дека Грција е вознемирена. Наместо анализа на причините за вознемиреност, која ќе биде водена од аргументите со кои авторот го поткрепува своето тврдење, имаме лоша и неуспешна компилација на текстови поврзани со средбата Меркел-Нимиц, кои предходниот ден биле објавени на домашните сајтови. Медиумот сакал да пласира ексклузивен аналитички текст за наводната вознемиреност во Грција поради оваа средба, но во текстот никаде не можеме да прочитаме дали навистина постои вознемиреност и од што е таа испровоцирана.

FireShot Screen Capture #049 - 'Грција вознемирена од средбата во Берлин' - www_dnevnik_mk__ItemID=F3AB7B53EE2BAE42A07559C6486AE166Линк до оригиналниот напис: Грција вознемирена од средбата во Берлин

Датум и време на објавување: 06.11.2013  18:24

Датум на рецензирање: 10.11.2013

Рецензент: Александар Писарев

Вистинитост: Дека првпат се одржува ваква средба помеѓу канцеларката Меркел и посредникот Метју Нимиц е вистина. Под знак на прашање може да се стави целиот понатамошен текст. Авторот констатира дека:

„Германија по таа средба, внимателно решила да се инволвира во спорот помеѓу Македонија и Грција“ 

Тоа не е точно. Никаде не е објавено (барем досега) дека Германија ќе се инволвира во македонско-грчкиот спор. Средбата во Берлин била со цел германската канцеларка да се информира во врска со спорот (така објавија и домашните и странските медиуми). Авторот, со најавата во насловот, го наведува читателот да помисли дека поради таа средба Грција била вознемирена. Потврда на ова теза немаме во неговата анализа. Повикување на „познавачи на состојбите“ и на „дипломатите“ целата анализа ја стават под сомнеж. Прекршен е и член 1 од Кодексот на новинарите на Македонија:

„Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за шпекулација (Грција вознемирена од средба во Берлин), тоа треба да се каже и да се објави“.

Информацијата во насловот дека „Грција е вознемирена од средбата во Берлин“ е чиста манипулација со читателите и лажна ексклузивност.

Извори на информации: Авторот ископирал кратки информации од домашните медиуми кои пренеле по една реченица од грчките или германските медиуми, а ниту едните, ниту другите не се повикуваат на официјални извори. Притоа, не се испочитувани новинарските стандарди да се наведе изворот и да се даде линк од каде информацијата е преземена.

Познавачи на состојбите“, или „дипломатите велат“ не може да се третира како релевантен извор. Изјавите на германските дипломати, од кои едната е дадена пред 3 месеци, не можат да се стават во контекст на средбата во Берлин, ниту да се поврзат со некаква грчка вознемиреност поради оваа средба.

Содржајност: Се работи за политичка анализа во која не се задоволени некои основни критериуми во новинарството кои подразбираат: јасна аргументација со која се потврдува тезата наведена во воведот или насловот:  „Грција вознемирена од средбата во Берлин“.

Во текстот немаме никакви елементи, како, на пример, редослед на случувањата од кои би можел да произлезе ваков заклучок.  Целата анализа е резултат на копирани вести од другите медиуми, кои, пак, ги копирале од трети медиуми, без обид на анализата да ѝ се даде додадена вредност.

Цитираната бајата изјава на именуван германски дипломат вештачки е вклопена во текстот кој најавува друга содржина: „Вознемиреност на Грција од средбата во Берлин помеѓу германската канцеларка Ангела Меркел и посредникот во грчко-македонскиот спор Метју Нимиц“. Авторот ја цитира изјавата на германскиот дипломат Ернст Рејчел дадена пред три месеци во Скопје, која нема никаква врска со некаква евентуална „вознемиреност на Грција“:

„јас сакав да се запознаам со гледиштето на овдешните власти за спорот за името и да видам какви се шансите за постигнување компромис“…

Пристрасност: Авторот е пристрасен и со анализата сугерира дека Германија ќе се вмеша во решавање на спорот на страна на Македонија, од што Грција веднаш се вознемирила. Таа пристрасност произлегува од конструкција на авторот (во полза на Македонија), која не е потврдена со фактите:

„ Меркел очекува попуштање од грчката страна поради економската помош од ЕУ која и е одобрена на оваа земја“.

Од ова, авторот произведува и „вознемиреност во Грција“. Такво нешто во дипломатските односи помеѓу Германија и Грција досега не е спомнато.

„Германија решила да се инволвира во решавањето на спопрот“.

И оваа констатција не е точна. Меркел сакала да се информира, а не да се инволвира во решавање на спорот, што не е исто.

Коментирање: Не е јасно дали во анализата која ја прави авторот ја коментира средбата Меркел -Нимиц, проблемот помеѓу Грција и Македонија, или пласира „список на желбите“ во полза на Македонија, кои би се исполниле со наводното инволвирање на Меркел во решавање на спорот.

„Германија, кога станува збор за спорот меѓу Македонија и Грција, реши да се инволвира  во наоѓањето решение“.

„Официјалниот Берлин до сега не сакаше да се инволвира во спорот за името меѓу Македонија и Грција, иако имало многу ситуации во кои можел да го искористи својот авторитет и да побара поголема солидарност од Атина во однсот на пропширувањето на ЕУ.“

Ова се коментари без основа, бидејќи такви најави никогаш не дошле од Берлин.

Оригиналност/Плагијат: Колку може да се зборува за оригинален текст кога се базира на преземени информации од други медиуми, а тие ги презеле од трети медиуми.

 Квалитет на насловот: Насловот е сензационалистички, привлекува внимание, но не одговара на содржината која е под него. Читателите се измамени, бидејќи во текстот не добиле одговор од што и со што е вознемирена Грција.

Фотографија: Несоодветна фотографија која само го пополнува просторот. Текстот зборува за средба помеѓу германската канцеларка Ангела Меркел и посредникот во грчко македонскиот спор Метју Нимиц, а на фотографијата е само Ангела Меркел.

Заклучок: Лош пример на политичка анализа која не се базира на факти, во која нема елементи на истражување на причинско-последичните врски, а евидентно е и површното познавање на моменталната политичка констелација помеѓу Германија и Грција. Ако авторот се одлучил да направи анализа, требало да даде концизен преглед на сопственото гледање на проблемот, но со аргументација која треба да го поткрепи неговиот став.

Авторот пренесува цели пасуси (во главно исти) преземени од  „24 Вести“, МРТ, „Утрински “ „Нова“… ги користи без да се нагласи изворот или авторот, со што е прекршен член 12 од Кодексот на новинарите на Македонија

„Плагијаторство е неприфатливо. Цитатите не смеат да се користат без да се нагласи изворот или авторот“.

Авторот се повикува, како и горенаведените медиуми, и на „Дојче веле“ и на некои нерелевантни грчки медиуми („Њусбомб“ „Реал“), кои, освен „Катимерини“, не ги одразуваат ставовите на официјална Атина. Но, и тие медиуми зборуваат дека Германија сакала да се информира за спорот, а не да се инволвира во него како што објавува медиумот.

Текстот има и нелогичности „Германија реши да се инволвира во изнаоѓање решение“, а во следната реченица вели „официјален Берлин досега не сакаше да се инволвира во спорот за името“. Така читателот се доведува во заблуда дека Германија досега не сакала да се инволвира во овој спор, а по средбата во Берлин ќе се инволвира.

Целта на текстот треба да биде точно да нѐ информира, а не да пласира желби на авторот. Со бајати изјави на германски дипломати кои се извадени од контекст и кои не се директно поврзани со средбата „од која Грција е вознемирена“ авторот се става во улога на сообраќаец во која насока, според неговите желби, би требало да реагира Германија и канцеларката Меркел при решавање на спорот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

лажни информации

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести