verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Заборавил кај паркирал – го барал возилото пет месеци

on 12 - 11 - 2013       

Maxim-maxim_mk_zaboravil-kaj-parkiral-go-baral-vo-crop-resize

Одлично изработена вест со одговор на сите пет новинарски прашања: кој, што, каде, кога и како. Кога ќе ја прочита, на читателот му е потполно јасно што му се случило на Андерас Оберпертингер за време на Октоберфест во Минхен. Си го загубил автомобилот. Па, ако е толку добро напишана, зошто ја рецензираме?

FireShot Screen Capture #050 - 'Заборавил кај паркирал - го барал возилото пет месеци I Maxim' - maxim_mk_zaboravil-kaj-parkiral-go-baral-voЛинк до оригиналниот напис: Заборавил кај паркирал – го барал возилото пет месеци

Датум и време на објавување: 8.11.2013  15:42

Датум на рецензирање: 11.11.2013

Рецензент: Александар Писарев

Вистинитост: Веста се потпира на изјавата на портпаролот на полицијата во Минхен и на изјавата на сопственикот на загубениот автомобил, која ја пренеле италијанските и германските медиуми. Цитатите се преземени со почитување на Кодексот на новинарите на Македонија со јасно нагласен извор. Според тоа, не треба да се сомневаме во вистинитоста на оваа информација.

Извори на информации: Италијанските и германските медиуми.

Содржајност: Авторот успеал во 12 реда содржајно и на интересен и забавен начин да ни ја раскаже целата приказна. Информацијата го разбива стереотипот на кратките вести, кои главно се или од сферата на политиката или од црната хроника. Но, оваа е од обичниот живот.  

Оригиналност/Плагијат: Веста е преземена. Авторот на оваа вест го испочитувал ова правило и јасно го назначил изворот на цитатот: „…Италијанецот веќе трипати доаѓа во Минхен, објави минхенскиот весник Абендцајтунг“.

Квалитет на насловот: Насловот можел да биде покреативен, поинтересен и подобро да ја продаде веста. Авторот се одлучил за наслов кој ќе го информира читателот.  Во тој случај му недостасува локацијата каде настанот се случил. Со погрешно објавена фотографија читателот ја доживува веста како да е од Скопје. 

Фотографија: Сега доаѓаме до правиот момент зошто ја рецензираме оваа вест. Проблемот со овој текст е фотографијата. Голема, јасна, препознатлива фотографија на Скопје, со мостот „Гоце Делчев“ во прв план, а во позадината се препознава Владата, споменикот на ослободителите на Скопје… Таа би била извонредна да се илустрира некој прилог за скопските сообраќајници. Но, кога таа ќе се најде како илустрација на вест која опишува нешто што се случило во Минхен, тогаш целиот текст станува во најмала рака смешен.

Заклучок: Проблемот со новинската фотографија е во тоа што таа сѐ  почесто служи да ја пополни празнината во медиумите. Редакциите најчесто немаат уредник на фотографија и затоа се случуваат сѐ почесто вакви недозволиви грешки.

Во овој текст, фотографијата не само што е потполно промашена, туку го дезинформира и збунува читателот. Заедно со насловот, кој не ја лоцира веста во просторот, читателот може да помисли дека тоа што е најавено во насловот, се случило во просторот кој е на фотографијата.

Фотографијата, како и текстот, мора да ја пренесе вистината. Недозволиво е за текст кој се однeсува на Минхен, да се стави како илустрација препознатлива фотографија од Скопје. Фотографијата може да ѝ даде додадена вредносот на веста или да ја уништи. Во оваа вест се случило второто.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести