verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Евтина промоција на хомофобијата

on 6 - 07 - 2015       

FireShot-Capture-pedofili-crop-resize

 

[Рецензија: ПЕДОФИЛИЈА НА ГЕЈ ПАРАДА: Стравична снимка која ги покажува целите на хомосексуалната идеологија]

 

Рецензираме квазиновинарска информација, всушност, коментар маскиран во проширена вест. Неговата функција не е да информира, туку да шокира, стигматизира, да промовира хомофобија, да создаде сензација. Дури и по цена да звучи неписмено, неинформирано, неедуцирано, како што звучи. Дека оцените не се претерани, сведочи веќе насловот, предолг и напишан во стилот на најавата на хорор-филм, со пренагласени емоции и со непознавање на значењето на зборот „идеологија“ или на„ трансвестит“. Написот нема наведени извори освен снимката на „Јутјуб“, не е структуриран според новинарски норми и правила, туку наликува на црковна проповед или, пак, памфлет на друштво за заштита на морални вредности.

Нема да влегуваме во материјална дискусија околу тоа дали настанот, овековечен на видеозаписот на „Јутјуб“ треба да се осуди како промоција на хомосексуална педофилија или да се поздрави како обид за искажување став за слободите на сексуалната ориентација (иако и двете групи на аргументации предизвикани од снимката можат да се најдат на интернет), бидејќи она што нè интересира е како оваа тема е пренесена на читателите. Но, текстот е полн со негативни квалификации, тој поттикнува дискриминација и содржи говор на омраза насочени кон конкретна група индивидуи со поинаква сексуална ориентација. Ваков тип текстови има капацитет да генерира непријателство, па дури и насилство, кое ќе цели кон хомосексуалната популација.

Рецензија: Ефтина промоција на хомофобијатаЛинк до оригиналниот напис: ПЕДОФИЛИЈА НА ГЕЈ ПАРАДА: Стравична снимка која ги покажува целите на хомосексуалната идеологија

Датум и време на објавување: 29.06.2015, 1:57

Датум на рецензирање: 4.07.2015

Рецензент: Југослава Дуковска

Дел од фактите изнесени во текстот за местото, времето и за карактерот на настанот се точни, освен датумот. Годинава Прајд-фестивалот во Сао Паоло се одржал од 3 до 15 јуни, а не во април како што стои во текстот.

Единствениот извор за кој сведочи написот е снимката на танцот на малолетникот, преземена од каналот „Јутјуб“. Од самата снимка не може да се дознае ниту местото, времето на настанот, ниту има макар и основни податоци за детето или за возрасните учесници во настанот, за контекстот, освен она што може да се утврди од самата снимка, а тоа е дека танцот на малолетното лице се случува на некаква геј-парада. Наведено е дека се работи за непримерен еротски танц на малолетно момче, поддржано од присутните на геј-парадата во Сао Паоло, што може да се потврди по истражување на темата на интернет, но во текстот не се наведува од каде се добиени тие податоци.

Во обид да има критички однос кон темата за која информира, написот ја става информацијата во втор план. Притоа, нескриена е хомофобијата, поточно гневот со кој се пишува за темата, нема ни „о“ од објективност, а божемната загриженост за иднината на децата, загрозени од хомосексуалците, кои се изедначуваат со педофили, воопшто не е пречка малолетното лице од снимката да биде објавено без заштита на идентитет, односно заматување на ликот на детето, што е во спротивност со етичките норми во новинарството. Уште подрастично, насловот е така срочен да повикува да се изгледа снимката на детето, па со тоа е очигледно дека зад морализирањето, всушност, стои желбата да се генерира интерес кај публиката.

Коментирањето е сржта на написот и тој врие од паушални кавалификации, неточности, правописни, јазични и стилски грешки и примитивни стереотипизирања.

„Оваа снимка е жив доказ за тоа колку тежи хомосексуалната идеологија – неограничена сексуална слобода, без оглед на години и пол.“

Или, пак, ова:

„Се надеваме дека оваа снимка конечно ќе им ги отвори очитена оние кои сметаат дека хомосексуалците и лезбејките трба да имаат свои права, бидејќи за истите тие права тивко доаѓа се до ваквата идеологија и начин на живот, прикажана на оваа стравична снимка.“

Користењето бомбастични зборови и фрази во насловот треба да манифестираат божемна загриженост за појавата за која се известува, но зад нив се наѕира голата желба за провокација и за поттикнување ниски страсти кај читателите, со што се генерираат кликнувања на веб-страницата. Така како што е срочен, насловот флертува со љубопитноста на читателите, а морализирањето е само параван.

Овој напис ги изедначува хомосексуалноста и педофилијата, со што не само што ги дискредитира лицата со поинаква сексуална ориентација, портретирајќи ги како злосторници,  туку претставува типичен пример за стереотипизирање и за дискриминација врз основа на сексуална ориентација.

Лажното морализирање и сензационализмот, кои флертуваат со ниските страсти на читателите, не се одлика на сериозен информативен медиум, туку на таблоид и на жолт печат.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

потикнува на насилство

дискриминира

дискриминација според сексуална ориентација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести