verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нема никаква „страшна железничка несреќа во Скопје“

on 6 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

http___www.press24.mk_strashna-zhele-crop-resize

 

[Рецензија: Страшна железничка несреќа во Скопје]

 

Овој материјал преку насловот ја дезинформира и ја вознемирува јавноста, посочувајќи дека во главниот град имало „страшна железничка несреќа“!  За среќа, такво нешто не се случило.

http___www.press24.mk_strashna-zheleЛинк до оригиналниот напис: Страшна железничка несреќа во Скопје

Датум и време на објавување: 03.07.2015, 08:30

Датум на рецензирање: 05.07.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

„НЕСРЕЌЕН“  Е НАСЛОВОТ!

Насловот со кој, фактички, се соопштува невистинита информација е главниот проблем во написот. Тој  прозвучува како да известува за некаква голема железничка трагедија со многу човечки жртви. Но, драматика има само во насловната конструкција, а не и во содржинскиот дел на текстот.

Всушност, иако не е прецизно наведено, станува збор за вообичаен дневен билтен од МВР, што е објавен без никаква дополнителна новинарска доработка. Податоците во него се вистинити. Истиот материјал и во идентична форма, само со покоректни наслови, го имаше во повеќе медиуми, а според времето на објавување, најпрво на државната информативна агенција.

Овој полициски извештај,  меѓу другото, информира дека на 2 јули 2015 година имало и железничка несреќа, ама не како што се кажува во насловот „страшна“, туку:

„Се случила и една железничка незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден патник, а двајца машиновозачи се здобиле со полесни повреди.“

И наспроти добрата новинарска практика, која подразбира дека новинарските извештаи (особено во случај на несреќи) треба да бидат ослободени од сензационализми, во конкретниот случај, очигледно, за да се привлече поголемо внимание, намерно се прави таков избор на насловната конструкција во која настанот се предимензионира.

Но, не е само насловот. И фотографијата што е употребена како илустарција, а на која се прикажани две возила на брза помош, е целосно промашена. Таа нема врска со текстот кој информира за бројот на сообраќајни незгоди и за интервенциите на пајак-службата во Скопје.

Па, гледано во целина, токму поради ваквите недостатоци материјалот што го рецензираме заслужува негативна оцена.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести