verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Видовити анонимци како извор

on 6 - 07 - 2015       

ucenite na zaev-crop-resize

 

[Рецензија: Уцените на Заев во втор план, направете реформи нa терен]

 

Текстот што можеше да се прочита на веб-страницата на дневниот весник, што е предмет на рецензија, и што осамна и следниот ден во дневното печатено издание е дел од вообичаената и непријатна ситуација во новинарството – што да се објави ако настанот, во случајов преговори во кои учествуваат четирите најголеми партии во РМ во Клубот на пратениците, не е завршен, а рокот поминува? Најголем број од извeстувачите ќе го нагласат тој факт и ќе се потпрат на претпоставки, нагласувајќи ја релеватноста на изворот, на изјави на експерти, евентуални најави од учесниците дадени пред седницата… Но, во овој текст, иако ситуаицјата е иста, имено состанокот не е завршен, бидејќи почнал доцна, гледано од аспект на роковите на дневните весници, имаме многу чест извор: ем постои потпирање на анонимни дојави, ем се кажува дека тие се видовити, со оглед дека не се ни знаеше предметот на расправата зад затворените врати?! И таа асистенција на несигурни извори се прави со голема сигурност, па дури се конструира во текстот цела политичка „скаламуција“: од наднасловот, насловот, потоа содржината … дури и кога постои очевидно повикување на меѓународни фактори, постои голема убеденост дека „стаклената топка“ ги дава сите одговори. И, како испадна во стварноста?

ucenite na zaevЛинк до оригиналниот напис: Уцените на Заев во втор план, направете реформи нa терен

Датум на објавување: 29.06.2015

Датум на рецензирање: 02.07.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Меѓусебени координации и телефонски јавувања од и до евроамбасадорите Аиво Орав и амбасадорот на САД Џес Бејли. Состаноци на пониско партиско ниво на четирите партии ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, како и координации до последен момент со белгискиот експерт Питер Ван Хоут, кој го олеснува дијалогот меѓу власта и опозицијата за структурните реформи. Консултации во секој дел од денот да се закаже лидерска средба договорена уште пред десет дена, со цел на лидерите на албанските партии да им се овозможи ифтар. Но ниту еден збор за клучното прашање, односно за конечниот договор дали СДСМ би отстапил од ултиматумот да се формира преодна влада без Никола Груевски. Ова е описот на вчерашниот ден македонската политичка сцена во очекувањето на лидерската средба која беше најавувана како клучна во разрешницата на политичката сцена во очекување на лидерска средба која беше најаввана како клучна во разрешнивцата на политичката криза.“

Овој малку подолг цитат докажува дека авторот на текстот имал хипотетички многу извори (официјални) за да го добие посакуваниот одговор ама – не го добил од ниту еден од нив! Принципелно и консеквентно на договорите околу преговарачкиот фер плеј.

Ама, авторот на текстот го користи она „нашите извори говорат“… Кои извори ако списокот на релеватни извори е затворен? Секако, ниту трага од објаснување! И уште повеќе ниту тие извори, макар и како анонимни никаде не се цитираат, дека стојат зад наднасловот „Брисел најде решение за ултиматумот“ (кој во Брисел го нашол решението?) или за насловот кој е сугестибилен „Уцените на Заев во втор план…“), кој служи секако за изградба на слика кај читателот за лошите позиции на опозицијата во преговорите, кога Заев ги има против себе и меѓународните посредници и тоа во мигот кога излегоа во јавност два неповолни извештаи по власта (извештајот на Стејт департментот за состојбата со човековите права во Македонија и извештајот на Прибе).

Навистина, ако по затворањето на весникот и излегувањето на преговарачите се потврдија најавите од насловот на текстот, можевме и да подзамижеме. Ама излезе дека состанокот е прекинат по барање на СДСМ, бидејќи тие не се согласувале со распоредот на темите. Дури ни следниот состанок на четворката закажан за три дена – не се одржа! Каде е видовитоста?

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

Терминот во насловот од типот „уцена“ на свој начин е коментар на авторот, непотврден од никого

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести