Рецензија: Бранко стои зад Заев
Објавено во Рецензии
on 23 - 04 - 2015 Автор: Владо Ѓорчев
Иако овој текст е речиси во целост коректен, насловот ја покажува неговата намера. А, намерата му е да го оцрни лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кого намерно го спојува со Бранко Црвенковски, алудирајќи на неговата наводна негативна улога.
Линк до оригиналниот напис: Бранко стои зад Заев
Датум и време на објавување: 20.04.2015, 13:25
Датум на рецензирање: 21.04.2015
Рецензент: Владо Ѓорчев
ЕДНА НАМЕРА – ДА ОМАЛОВАЖИ
Текстот е, всушност, пренесен дел од писмото на Бранко Црвенковски. Сепак, целата забуна ја прави насловот, кој има цел да импутира нешто што не е точно. Така, насловот спинува дека зад целата операција на Заев стои, всушност, поранешниот лидер на СДСМ. Тоа, пак, се прави неумесно, непрофесионално и оддалку се гледа намерата. Написот не нуди ниту зошто е тоа така, а нема ниту некој аргумент во корист на тезата.
На крајот од текстот во потврда на тезата, која овој текст сака да ја импутира, се наведува дека Црвенковски е вечен лидер, со што се мисли дека се оправдал насловот. Сепак, во новинарството вака не може да се игра.
Од овој напис само може да се заклучи дека текстот има една намера. Да омаловажи. Притоа не му се важни новинарските правила. Поради тоа, и ова е информација од пропагандистички тип во корист на политичка структура.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални, неофицијални
релевантни, нерелевантни
2 извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови