verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Аналитичари: Груевски ги зацрвсти црвените линии

on 23 - 04 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Аналитичари-Груевски-ги-зацврсти-црвените-http___playmrt_com_mk_play_60294-crop-resize

 

Пред нас е тенденциозен, едностран прилог во кој опозицијата и нејзиниот лидер се претставени како креатори на црни сценарија и како дестабилизирачки фактор во државата. За таа цел се користи обраќањето на премиерот на собирот во Прилеп (18 април 2015 година), како и мислењето на само еден аналитичар, кое, пак, се издигнува на ниво на став на цела експретска јавност.

Аналитичари_ Груевски ги зацврсти црвените _ - http___play.mrt.com.mk_play_60294_

Линк до оригиналниот напис: Аналитичари: Груевски ги зацрвсти црвените линии

Датум и време на објавување: 19.04.2015, 18:23

Датум на рецензирање: 20.04.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

СПИНЕРСКО ВРАМУВАЊЕ

Прилогот е така скроен и палсиран што создава слика дека опозицијата со објавувањето на прислушуваните „креирани“ материјали прави штета на угледот на државата и подготвува терен за да ја наруши безбедноста на сопствената земја! Од друга страна, се воздигнува премиерот и се нагласува неговата решеност „да не дозволи да се реализираат намерите на сценаристите на Заев!

Практично, на гледачите им се подментува една наменска  квазианализа на говорот на Груевски, со извлекување на неколку поенти од неговото обраќање во кое тој го напаѓа лидерот на опозицијата и користи потценувачки, па и навредлив речник.

„…Од време навреме ќе подвикне малку ќе се закани, всушност далеку во него се крие уплашено човече…“ (Груевски за Заев)

Притоа, се вади фрагмент од настапот на шефот на опозицијата на една охридска телевизија (16 април 2015 година) и се претставува дека тој, наводно, изјавил: „може и крв да падне“!  Истовремено, се истакнува како премиерот „реплицирал со директна порака дека нема да дозволи дестабилизација на земјата.“

Каква „закана“, пак, искажал Заев станува јасно дури откако ќе се слушне прашањето на водителката: (39,55 минута од видеозаписот) „што сѐ прави за да се избегнат црни сценарија“ , на кое тој, меѓу другото, вели:

„… Не може  Заев  кој се бори за слобода и демократија да сака да падне крв, макар од прстот на некој наш граѓанин. Не аман, но гледам дека тоа може да се случи, затоа што гневот расте, притисокот кон опозицијата која го предводи тој процес е огромен…“ ( 40,06 минута од видеозаписот)

Ама, со селективниот пристап и спинерското врамување на неговиот исказ се конструира приказната за „агерсивниот Заев“.

 

САМО ЕДЕН АГОЛ

Впечаток е дека и изборот на експертот е направен  за да ги потврди тезите на премиерот. Имено, овој аналитичар е постојано  присутен во медиумите со изјави, во кои ја брани власта, така што, не може да се каже дека неговите ставови јавноста ги доживува како независни. Дополнително, тој е единствениот аналитичар кој е вклучен во прилогот, а наспроти овој факт, во насловната конструкција е употребен терминот „аналитичари“. Што алудира на тоа дека написот го пренесува доминатното експертско гледиште.

Манипулативниот дух се задржува до крајот на текстот, каде преку „независниот аналитичар“ се потсетува само на повиците од дипломатите упатени до опозицијата (да се врати во парламентот), а воопшто не се споменуваат пораките до власта.

Како, на пример, онаа на заменик-помошникот државен секретар за европски прашања на САД, Хојт Ји од 17 април 2015 година, кој смета дека „во прислушуваните разговори има доволно информации што ја обврзуваат Владата да ги ангажира институциите да отворат истрага истрага за тврдењата за незаконското работење и за наводниот криминал што произлегува од прислушуваните разговори.“

Но, очигледно е дека националната телевизиска куќа немала намера на публиката да ѝ понуди непристрасен, реален приказ на состојбите. Затоа и материјалот што го рецензираме ги перцепира нештата исклучиво од еден агол, оној на власта!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести