verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Крв, крв, крв… зафатени сме од синдром на ширење паника

on 27 - 04 - 2015       

FireShot-Screen-Capture-092-Најавите-за-крв-и-насилство-на-Заев-поддржани-од-Црвенковски-кој-е-подготвен-за-првите-редови-crop-resize

 

[Рецензија: Најавите за крв и насилство на Заев поддржани од Црвенковски кој е подготвен за првите редови]

 

Овој текст треба да се набљудува во поширокиот контекст на информации кои овие денови ги лансираат медиумите блиски до власта: „Пукотници вo Кондово“, „Oпозицијата најавува крваво сценарио“, „Нападнати советници на ВМРО“, „Опозицијата бара крв на улици“, „Заев подготвува сценарио за насилие“… заплашување со терор и со крвави сценарија кои ги „подготвува опозицијата“.

Затоа, овој текст, меѓу другото, треба да се чита како предупредување на она што може да предизвикаат медиумите, ширејќи невистини и извртувајќи ги фактите.

Искривувањето на вистината, измислување факти и ширење страв и паника меѓу граѓаните почнува уште во насловот:

„Најавите за крв и насилство на Заев поддржани од Црвенковски кој е подготвен за првите редови.“

FireShot Screen Capture #092 - 'Најавите за крв и насилство на Заев поддржани од Црвенковски кој е подготвен за првите редови'Линк до оригиналниот напис: Најавите за крв и насилство на Заев поддржани од Црвенковски кој е подготвен за првите редови

Датум и време на објавување: 20.04.2015, 16:25

Датум на рецензирање: 21.04.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

ШИРЕЊЕ СТРАВ И ПАНИКА

Кога медиумот се претвора во инструмент на одреден центар на политичка моќ, тогаш го запоставува јавниот интерес, станува продолжена рака за прогон на политичкиот противник, не му дава право да го изрази своето мислење или му го извитоперува. Со тоа ја загрозува слободата на медиумите. Своето мислење го шири како единствено исправно и „вистинито“, загрозувајќи ја на тој начин не само слободата на медиумите, туку и основните постулати на демократијата.

Текстот нашироко ја обвинува опозицијата и медиумите кои ѝ се блиски дека спремаат крваво сценарио во државата и на тој начин сакаат да ја преземат власта. Во одбрана на својата „вистина“, шири меѓу граѓаните страв и паника од граѓанска војна, крвави немири по улиците. Притоа, ги вади од контекст и фалсификува изјавите и говорите на политичките противници, на свој начин ги прераскажува и ги анализира новинарските текстови кои ја застапуваат спротивната страна, се пресметува со своите колеги и, притоа, без пардон ги заплашува граѓаните.
Интензитетот на ширење страв е засилен со искривоколчена и извадена од контекст реченица од писмото на Бранко Црвенковски упатено до граѓаните, која е ставена во контекст и прераскажана како негова најавата за крвопролевање каде тој ќе биде во првите редови.

„Заев тонејќи самиот во очај се обидува да ја повлече целата земја, па токму затоа на големо зборува за создавање на конфликт меѓу граѓаните и поттикнување на тензии. Заканите за крв и насилство по улиците стануват главни изјави и на раководните лица во СДСМ, но и на опозициските медиумски пера.“

„Атмосферата за насилство ја гради и Бранко Героски кој во своја колумна заговараше доаѓање на СДСМ на власт без избори со бунт. Вакво сценарио најавува и влијателниот опозициски новинар Зоран Димитровски кој во насока на подготовка на јавноста разработува сценарио за можна ескалација каде се споменуваат и вооружени групи од опозицијата кои би можеле да дејствуваат.“

 

ИСКРИВУВАЊЕ НА ФАКТИТЕ

Што сака со ова авторот да предизвика кај граѓаните? Реакција, интеракција или да им нареди како треба да се однесуваат? Станува збор за начинот на кој власта преку медиумот им ги испраќа пораките на своите следбеници, на оние кои ѝ се посветени, пренесувајќи им ја со „езоповски јазик“ пораката дека власта треба да се одбрани, а тие да се определат и да „бидат заинтересирани за делата и за проекти кои ќе им го подобрат животот, наместо за креирани материјали“.

За да ја дискредитира опозицијата, да се прикаже нејзината наводна пропаст поради која заговара „крваво сценарио“ и да се дисквалификуваат од политичкиот живот актуелниот и поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, авторот цитира други медиуми од кои парафразира изјави на Заев, но во нив фалсификува факти и пишува измислици.

„Заканите за крв и насилство по улиците стануват главни изјави и на раководните лица во СДСМ“

Свесно не се дава линк од каде се преземни, па читателите не можат автентично да ги проверат наводите. Еве што, всушност, кажал Заев, а медиумот го пренел како повикување на крваво сценарио.

„Не може Заев кој што се залага за слободата и демократија да сака и да се залага да падне крв, па макар и од прст на некој наш граѓанин, аман, аман. Но гледам дека тоа може да се случи заради тоа што гневот расте, притисокот е кон опозицијата огромен.“

 

ХУШКАЧКО СЦЕНАРИО

Како да влегуваме во најмрачната епизода на хушкачките сценарија која ја разгорува медиумот, ширејќи омраза и свесно ставајќи се на старана на една политичка опција што е спротивно на Кодексот на новинарите на Македонија. Проблемите во медиумите се длабоки онолку колку што е едно општество разорено и инфантилно.

Наместо да биде во служба на граѓаните и на нивните потреби да бидат сеопфатно и објективно информирани за настаните од јавен интерес, медиумот се става во служба на поединечни или групни интереси на политичарите и на нивните центри на моќ. Свесно фалсификува факти и со таквите постапки ги изневерува основните начела на проферсијата и вредностите на журналистиката. Не ги почитува препораките на ОБСЕ од 2013 година за интернет-порталите во кои се инсистира на саморегулација кај новинарите кога се во прашање, меѓу другото, и пренесување или објавување текстови кои можат да шират страв и паника меѓу граѓаните и да ги збунат во одредени ситуации Водич за саморегулација на онлајн медиумите.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

и точни и неточни

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

коплетно невистинито

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести