verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Алијансата на Бучко го испазарила АБ Канал на Бојо?!

on 17 - 06 - 2013       

Класичен пример на несеопфатна и шпекулативна вест за наводно купување на телевизиски канал од страна на нова политичка партија, без да се наведе дека според законските прописи тоа воопшто не е можно.

Рецензија: Алијансата на Бучко го испазарила АБ Канал на Бојо?!Линк до оригиналниот напис: Алијансата на Бучко го испазарила АБ Канал на Бојо?!

Датум и време на објавување: 09.06.2013, 17:58:46

Датум на рецензирање: 11.06.2013

Рецензент: Ѕвездан Георгиевски

Вистинитост: Текстот се базира исклучиво врз шпекулација на наводните и ненаведени извори на порталот дека новата (сѐ уште неоформена) политичка партија на Бучковски, Зиков и Јорданов ја купуваат неодамна затворената телевизија на Бојо Андрески „АБ Канал“.

Извори на информации: Текстот се базира врз еден анонимен извор, а дури и не се наведува од каде е изворот (на пример, близок до Бучковски, близок до Андрески или близок до Владата, бидејќи текстот е изграден врз односите на овие три субјекти).

Содржајност: Веста е несеопфатна, затоа што не е ни направен обид да се контактира некој од наведените субјекти, а исто така воопшто не е ни наведено дека, според постоечката законска регулатива, политичка партија не смее да поседува телевизиски канал.

Пристрасност: Веста се однесува на сѐ уште неформирана партија, која веќе се квалификува како политички субјект што е близок до власта и што ќе ги користи привилегиите на оваа блискост.

Станува збор за политичка дискредитација, бидејќи освен алијансата на Бучковски, се дискредитираат уште некои политички фактори (ГРОМ, ЛП), а за Минчо Јорданов се наведува само дека е сопственик на „Бетон“, главниот изведувач на градежните работи на „Скопје 2014“, а не на пример дека бил вице-премиер во Владата на СДСМ.

Коментирање: Текстот не содржи коментари, туку преку селектирано презентирање на наводни информации го наведува читателот сам да извлече заклучок.

Плагијат: Текстот е целосно анонимен, и во однос на авторството и во однос на изворите.

Квалитет на насловот: Веќе од самиот наслов се насетува  дека станува збор за сензационалистичка шпекулација, а тоа се потврдува и преку користените интерпункциските знаци прашалник и извичник.

Фотографија: Веста има класична фотографска опрема: портрет на Бучковски и фотографија од телопот на „АБ Канал“ во кој телевизијата своевремено (во ноември 2011 година) ја огласи својата продажба.

Заклучок: Во текстот отсуствуваат клучните факти и изјави, а се чувствува и извесно непознавање на материјата што се обработува, бидејќи не е консултирана постојната законска регулатива, а со самото тоа можно е донесување погрешни заклучоци.

Рецензија: Алијансата на Бучко го испазарила АБ Канал на Бојо?!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести