verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: „Метаморфозис“ донесе консултант на контроверзен руски алигарх да нé учи за медиуми

on 15 - 06 - 2013       

„Невладина организација донесе контроверзен консултант во Македонија. Маркус Икстад, кој учествуваше на конференција за медиуми во Македонија е советник на контроверзен руски олигарх.“

Ова е воведот на прилогот за предавачот што Метаморфозис го донесе на неодамнешната конференција, посветена на одржливоста на новите медиуми.

Овој потег се нарекува контроверзен и му се дава темна гама, базирајќи се на учеството на главниот предавач Маркус Икстад, а него го проблематизира по три премиси:

  • работи за контроверзен руски клан
  • работата е финансирана со пари на американската амбасада
  • гостин е на една соросова фирма ќерка, што само по себе е проблематично.

Порталот никаде не ги поврзува овие елементи кои треба по правило да бидат опасни и никаде не дава одговор зошто се опасни и по кого, што претставуваат елементарни прашања кои си ги поставува секој пишувач на текстови, држејќи се до абецедата на новинарството.

Рецензија: „Метаморфозис“ донесе консултант на контроверзен руски алигарх да нé учи за медиумиЛинк до оригиналниот напис: „Метаморфозис“ донесе консултант на контроверзен руски алигарх да нé учи за медиуми

Датум и време на објавување: 17.05.2013, 10:13

Датум на рецензирање: 07.06.2013

Рецензент: Љубомир Костовски

Вистинитост: Текстот се повикува на еден неоспорлив факт – именуваниот консултант беше во Македонија и одржа предавање кое беше отворено и на место кое беше лесно достапно за сите љубопитни. Неговото предавање и пораки, што е основот на гостувањето, не се оспорени на ниту еден начин, а тоа секако треба да е најрелевантниот момент во тоа гостување на Икстад.

Ниту една од поставените премиси во текстот не е потврдена или објаснета зошто би била контроверзна.

Извори на информации: Текстот практично се повикува на два извори. Едниот е весникот Дневник, кој веќе пишувал на оваа тема и кој се користи како неспорен извор на сознанија, небаре се работи за Енциклопедија Британика или друг моќен, сигурен извор или барем за некаков релевантен извор – да речеме Би-Би-Си, итн.

Вториот извор е самиот портал на Метаморфозис (!), кој за волја на вистината и е најбогат извор за работењето на оспоруваниот Икстад.

Содржајност: Потпирањето на споменатите извори во ниту еден момент не дава никаков повод посетата да биде обележана како спорна, а се базира на некои чудни стереотипи како што се „американски пари“ (оваа асоцијација се користи како да се работи за пари на мафијата!) или руска фирма (што одново треба да асоцира дека некој однапред е нечесен штом регистрирал фирма во оваа земја!)

Пристрасност: Како се искривуваат фактите во овој напис? Тие овој пат главно не се менуваат, но се доведуваат во чуден контекст, кој, пак, главно и не кажува ништо посебно за опасното педигре на споменатиот.

Имено, ако речете дека некој како Икстад е бизнисмен, тоа секако не е ништо спорно. Ако речете дека е „вмешан во бизниси“? Што треба да асоцира таа реченица? Логички тоа како ништо да не значи, освен дека асоцира дека некој се втурнал во дејност која белки не е негова?! Што значи, во тој контекст, реченицата – фирмата (во која работи именуваниот) е вмешана во бизниси во Босна? Па белки со Босна работат десетици илјади странски бизнисмени и што е посебното во нивната работа што ги прави „сомнителни“?

Но, речениците во написот секогаш го избегнуваат она „сомнително“ и само користат глагол „вмешува“, како некој да влегол во кафеана и се вмешал во тепачка.

Коментирање: Текстовите е ставен контекстуално во асоцијативна агенда, односно се создава озборувачко новинарство, кое се базира на поставени стереотипи како оној за Ирец кој се наоѓа во паб (заклучок – пијаница). Ова тука треба да важи за американскиот капитал или рускиот бизнис.

Да речеме негативно за фирмата на Икстад е што припаѓа (белки има делумен капитал) на рускиот клан Сардаров (тоа е инаку гадестански, да бидеме географски прецизни), вмешан во повеќе бизниси од полето на енергетиката, земјоделството, авијацијата и на медиумите. Зошто е грев да имаш повеќе фирми или да си дел од холдинг кој се бави со енергетика, авијација, медиуми… Па, нашиот „Силекс“ од Кратово се бави со 40 бизниси, на пример, меѓу другото и со медиуми, но тоа никој не го зел како образец за „вмешување“?!

Всушност, фирмата во која работи Истад е основана во ЕУ – таа е луксембуршка и основана е од британски граѓанин. Како и секој фирма која котира на берза може да биде купена, делумно или во целина, па дел од капиталот е купен од Тимур Сердаров, некаде околу една третина. Оваа фирма, која се бави со медиуми е најпозната по агенцијата „Асошиејтед Прес“, една од најугледните во светот, потоа шоуто на Џејми Оливер, кое се прикажува во над 100 земји и со организирање на најголем дел од познатите тениски турнири. Дали и Џејми Оливер е „вмешан во бизнисот“ (кулинарството, да речеме)?

Плагијат: Текстот е практично преземен и скратен, со што ја прави „поударна“ асоцијативната димензија на пишувањето.

Квалитет на насловот: Долгиот и описен наслов го најавува спинот – дека советник на руски олигарх дошол да обучува македонски новинари. Секако, се заборава дека македонските новинари во најголем дел работат кај локални олигарси, кои си имаат и медиуми. Потоа, дека се работи за советник во фирма која е регистрирана во ЕУ и која се бави со она за што консултантот и е дојден кај нас.

Фотографија: Дадена е само слика на работно претседателство на споменатата конференција.

Говор на омраза: Во рамките на т.н. озборувачко новинарство се зема како негативен фактот дека некој кој е гостин или поканет од Фондацијата Сорос мора да е „национален душман“, а тоа генерално важи и за опозицијата. Слично важи и за компанијата на Маркус Икстад „Стримворкс Императив“ на која би и се нанела потенцијална комерцијална штета ако ние бевме релевантен пазар за нивните медиумски бизниси.

Заклучок: Она што е најгруб фаул на овој текст, како и на оној од кого се презема содржината, е дека целосно се одбегнува личноста и биографијата на искусниот стручњак за медиуми – Маркус Икстад. Тој е роден во Германија, работел долго време како новинар, меѓу другото и за Дојче Веле, а потоа бил финансиски директор на „Асошиејтед Прес“, агенција која е дел од споменатиот холдинг „Стримворкс“.

Медиумот од каде што е преземен овој напис на својата страна има линк до Дојче Веле и со Гласот на Америка, кој, пак, блиску соработува со „Асошиејтед Прес“. Колку да се знае за врските со „рускиот олигарх“…

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

и точни и неточни

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести