verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Големото уво на САД слуша и во Македонија

on 14 - 06 - 2013       

Актуелен текст за американското прислушување во светот, со посебен акцент на прислушувањето во Македонија и регионот. Текстот е информативен и преку користените соговорници дава целосна слика за темата што ја обработува.

Рецензија: Големото уво на САД слуша и во МакедонијаЛинк до оригиналниот напис: Големото уво на САД слуша и во Македонија

Датум и време на објавување: 10.06.2013, 16:48

Датум на рецензирање: 11.06.2013

Рецензент: Ѕвездан Георгиевски

Вистинитост: Текстот се надоврзува на актуелната афера за прислушување во САД и нејзините импликации врз Македонија и регионот, повикувајќи се на британски Гардијан.

Извори на информации: Единствен именуван извор е Стево Пендаровски, кој е претставен како експерт за безбедност, додека се користат и анонимни извори, претставени како „информатичари“ и „експерти“.

Содржајност: Авторите се потрудиле да дадат поцелосна слика за глобалното прислушување од страна на САД, со посебен акцент на Македонија, но сепак отсуствува обид да се побара и официјално мислење од македонската влада за ова прашање. Особено затоа што во текстот се наведува дека и Македонија поседува софтвер за следење на интернет.

Пристрасност: Текстот е направен според професионалните стандарди и ги задоволува новинарските критериуми.

Коментирање: Станува збор за класичен информативен текст.

Плагијат: За жал, иако се наведува британски Гардијан како почетен извор за овој текст, текстот од Гардијан не е претставен со линк. Авторите се потпишани со иницијали.

Квалитет на насловот: Насловот е информативен (констатација), интригантен и предизвикува интерес да се прочита текстот.

Фотографија: Како илустрација се користи географската карта објавена во Гардијан, но не се наведува изворот.

Заклучок: Станува збор за професионално одработен текст на тема што е актуелна на меѓународно ниво, а чии импликации можат да бидат битни и за нашата земја.

Авторите користеле авторитетни извори, така што успеале да дадат една чиста и јасна слика за импликациите на американското прислушување врз Македонија и регионот.

Рецензија: Големото уво на САД слуша и во Македонија

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести