verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Таксим не е Тахрир

on 17 - 06 - 2013       

Насловот провоцира да се види споредбата што ја направил авторот и прашањата што се наметнуваат со констатацијата дека „Таксим не е Тахрир“. Но, содржината всушност е делумно пренесен коментар од странски медиум, кој прави паралели кои се темелат на извртени факти.

Рецензија: Таксим не е ТахрирЛинк до оригиналниот напис: Таксим не е Тахрир

Датум и време на објавување: 12.06.2013, 22:02

Датум на рецензирање: 13.06.2013

Рецензент: Ида Протугер Вељковиќ

Вистинитост: Со оглед на тоа што се работи за коментар/колумна, нема извор на кој се темелат фактите, туку изнесените ставови се гледиште на авторот.

Содржајност: Прво, не е пренесен првиот дел од коментарот на Аtlantic wire каде мотивот за тој напис е празниот Таксим во среда и авторот бара одговори каде се разликите во однос на настаните во Каиро во 2011 г.

Но и оригиналниот коментар, а и пренесениот дел на оff.net прикриваат факти, на пр. кај клучниот аргумент што наводно го одвојува турскиот премиер Ердоган кој бил „политичар и три пати победувал на избори“, за разлика од поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак. Според достапните информации, Мубарак четири пати добивал доверба на политички избори. Три пати на претседателски референдуми (1987, 1993 и 1999 г.)

Иако на тие избори бил единствен кандидат и оттука, биле проблематични, сепак излегол потребниот број граѓани што го легализирале неговиот избор. Во 2005 г. со законски измени се овозможува учество на повеќе кандидати на избори и Мубарак повторно ја добива довербата владее до 2011 г. (до Арапската пролет).

Пристрасност: Написот покажува политичка наклонетост кон постапките на Ердоган. Исто така, се „ублажува“ ефектот од ескалација на насилство врз демонстрантите како логичен след на настаните, бидејќи „демонстрантите речиси сигурно ќе се вратат и можеби избувливиот премиер во еден момент ќе претера со својата реакција“.

Рецензија: Таксим не е ТахрирОригиналност/Плагијат: Според поставениот линк, коментарот е превземен од „Аtlantic wire“, но не е преведен целосно, туку одредени негови делови, што исто така може да укаже на селективност и тенденција во изборот на фактите.

Квалитет на насловот: Насловот е соодветен на коментарот, наметнува став дека настаните во Турција не се идентични на оние во Египет кои предизвикаа симнување Мубарак од власт.

Фотографија: Избраните фотографии (две) се соодветни за манипулацијата што ја прави овој напис (прикажано е големо присуство на полиција како знак за моќ и мирни демонстранти). Наспроти тоа, фотографиите на оригиналниот напис од каде е преземен коментарот се соодветни на настаните (водени топови кон демонстрантите).

Заклучок: Со изборот на пренесените делови од коментарот (од Atlantic wire), самиот медиум искажува став, во случајот, поддршка кон постапките на турскиот премиер Ердоган во односот кон демонстрантите на Таксим, што е право на медиумот.

Се прави паралела дека Ердоган бил политичар избран на избори, за разлика од Мубарак (кој „падна“ како последица на слични демонстрации), кој не е тоа. Оттука, постапките на првиот се прикажуваат како логични и легитимни, за разлика од разврската во Египет, иако оваа клучна теза се темели на извртување на фактите.

recenzija-taksim-ne-e-tahrir

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести