verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензии: Стефановски ја демантира информација дека и театарот паднал на спорот со името

on 24 - 11 - 2014       

Стефановски ја демантира информација дека и театарот паднал на спорот со името-crop-resize

 

Деновиве, на речиси сите културни страници во македонските медиуми беше „закачена“ веста на МИА дека грчки претставници ја спречиле Новата европска театaрска акција – НЕТА да стане членка на Унијата на театри од Европа (УТЕ). МИА се повикува на „јавија денеска грчките медиуми“. Изворот не е посочен, барем еден од тие медиуми! Само овде има обид да се провери веста таму каде што треба – кај најпосочуваната цел, кај некогашниот министер за култура, а сега „само“ режисер и продуцент Благоја Стефановски. И се доби класичен демант по сите основи!

Стефановски ја демантира информација дека и театарот паднал на спорот со иметоЛинк до оригиналниот напис: Стефановски ја демантира информација дека и театарот паднал на спорот со името

Датум и време на објавување: 19.11.2014 13:16

Датум на рецензирање: 21.11.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

„Нема вистина во информацијата пласирана од грчки медиуми дека грчки претставници ја спречиле Новата Европска Театaрска Асоцијација НЕТА, да стане членка на Унијата на театри од Европа (УТЕ), затоа што со неа претседава поранешниот министер за култура на Р Македонија Благој Стефановски, кој доаѓа од држава која не ја признаваат Обидинетите нации ниту пак Грција. Стефановски во изјава за Канал 77 вели дека седиштето на НЕТА не е во Битола туку во Љубљана, а за оваа информација прват слуша од македонските медиуми.“

Преку својата битолска дописничка, овој текст реагира и веднаш ја исфрла вистината дека НЕТА не била присутна на настанот во Тел Авив, нема никакво официјално барање за влез во таа асоцијација (според Стефановски не ни можела да се плати, хипотетички, годишна членарина), а дека со грчките колеги имаат добра соработка за што говорат заедничките претстави што ги имаат со нив!

Инаку, во базичната вест на државната агенција (пренесена овде) се детализира и се вели дека во Тел Авив од 13 до 16 ноември се одржало генерално собрание на УТЕ на кое, повторно „според грчките медиуми“, кога дискусијата дошла до предлози за нови партнерства и за нови членови, „се појавила мрежата НЕТА со седиште во градот Битола, Македонија, со која претседава поранешниот министер за култура Благој Стефановски“. „Уметничкиот директор на Националниот театар на северна Грција, Јанис Вурос, веднаш реагираше и по забелешките дека се залага за отвореност и за соработка, изјави дека не може да прифати соработка со театар од Скопје, кој го краде името на Македонија, кое не го признаваат Обединетите нации, ниту Грција“, пишуваат, наводно, грчките медиуми.

По интервенцијата на Вурос, предлогот за соработка со НЕТА, наводно, бил повлечен, стои во веста на МИА, иако сега изненадува она „наводно“ на агенцијата, која барем да се потрудила да го контактира Стефановски. Во рецензираниот текст, пак, контактиран е и центарот во Љубљана, од каде е добиена потврда на зборовите на Стефановски.
Квалитетот на текстот во „Канал 77“ (во проширена вест која сега ја нема кај „дистрибутерите“ на вести), добро се објаснува и која е НЕТА и која е УТЕ и што значи членството во едната и во другата организација. Многу е добро потсетувањето дека со добрата соработка со грчките колеги, токму преку НЕТА, лани македонски јазик одекнал во центарот на Солун, каде се давала претставата „Столови“, а постои и копродукција со грчки театар – „Андреас Вуцинас“ од Солун за претставата „Kралот Рес“ од Еврипид, а која се играше и во Битола и во Солун.

Секако дека треба да се укаже на тоа оти од вакви непроверени вести штети може да настанат онаму каде со тешки маки се прават напори за каква-таква нормализација на релациите со јужниот сосед.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести