verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: На новинарката од „Алсат“ не и се допаѓаат контролите на УЈП во албанските средини

on 24 - 11 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

kaad-09876-0987-crop-resize

 

Пред нас се наоѓа текст во кој се коментира однесувањето и мислењата на новинарот наместо на функционерот. Во текстот, фокусот на опсервација се префрла на новинарка, која во своето интервју го провоцира функционерот, до некаде и непотребно. Сепак, во функција на отворената дебата, како и во функција на стандардите во јавната дебата, според кои функционерите треба да се поподложни на јавна критика, па дури и на провокации и коментари кои не им се допаѓаат, ова е дозволено, од причина што тие се избрани од граѓаните и имаат многу механизми што може да ги искористат за да одговорат на провокациите.

kaadЛинк до оригиналниот напис: На новинарката од „Алсат“ не и се допаѓаат контролите на УЈП во албанските средини

Датум и време на објавување: 20.11.2014 14:41

Датум на рецензирање: 21.11.2014

Рецензент: Мирослава Бурнс

Насловот на текстот е неоснован и фактички непоткрепен. Од каде се изведува заклучокот дека на новинарката не ѝ се допаѓаат контролите на УЈП во албански средини? Може ли во Старата скопска чаршија да има локали поседувани од Турци, Македонци, Роми или од Норвежани? Во текстот неприкладно се алудира дека контролите на УЈП се прават во „албански средини“, што е непрецизно.

„На новинарката од „Алсат“ која порано беше репортер во А1 телевизија очигледно не и се допаѓаат контролите на Управата за јавни приходи во албанските средини и албанските кафулиња, каде УЈП изминатиов период наиде на низа непривилности  и прекршување на законите.“

Истакнувањето дека новинарката порано работела во „А1-телевизија“, можеби личи на фактичко пренесување на дел од нејзината професионална биографија. Но, зошто е важно тоа да се напомене?

„Поранешната новинарка на А1 телевизија, на самиот крај од интервјуто го праша првиот човек на УЈП дали би испил кафе во Старата скопска чаршија со екипата на „Економски магазин“ и Трајковски ја прифати поканата, за веднаш потоа Стојановска да го испровоцира директорот на УЈП со прашањето дали би дошол со специјалци, алудирајќи на акциите кои УЈП ги спроведува во албанските средини.“

Освен тоа, од аспект на точно и прецизно пренесување, при парафразирањето на прашањето на Стојановска, тоа е пренесено непрецизно. Ова, сепак, не влијае на фактичката точност. Но, коментирањето во текстот се гледа во делот „алудирајќи на акциите кои УЈП ги спроведува во албанските средини“.

Ова е претпоставка и никаде не е наведено како факт во нејзиното прашање. Освен тоа, да се тврди дека на Стојановска не ѝ се допаѓаат контролите на УЈП во албански средини е неиздржано. Никој не ѝ се јавил на Стојановска да ја праша дали ѝ се допаѓаат контролите во албански средини и дали со нејзиното прашање таа мислела на албански средини. Освен тоа, со ниту еден збор не е критикувана ниту колегијално посочена за проблематична реакцијата на прашањето на Стојановска. Со други зборови, не е отворено прашањето што е она кое првиот човек на УЈП би ѝ го кажал на новинарката ако таа не била дама. Принципот на повисок праг на толеранција на критика и на провокација на функционерите не е споменат и не е познат во текстот што го рецензираме. Оттука и нееднаквиот аршин на кој забележуваме.

Како извор на информации се користи видеоматеријалот и се прераскажува неговата содржина без да се консултираат дополнително инволвираните. Оттука, не може да се очекува и поголема содржајност на текстот од онаа што ја обезбедува видеоснимката, бидејќи не е вложен дополнителен новинарски труд за таа цел. Од неколкуте коментари може да се насети пристрасност кон функционерот.

Како што претходно напоменавме, вистина е дека новинарката пред функционерот поставува до некаде и непотребна провокација, но тоа е нешто на кое таа има право. Новинарот, како бранител на прашањата од јавен интерес и куче-чувар на оние кои ги носат функциите и политичката одговорност во едно демократско општество, во најмала рака. во текстот треба да ја доведат во прашање умереноста или неумереноста на одговорот на соговорникот, наместо фокусот да го префрлаат стопроцентно на Стојановска.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести