verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Просто навредливо

on 1 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

BorkicaSopingParis-fsdfsrefe-crop-resize

 

[Рецензија: Боукица на шопинг во Париз]

 

„Боукица“ е Боркица, а тоа дали некои луѓе се овци или не, оставете да пресуди јавноста. Функцијата на медиумот е да информира, а не да навредува, особено не со употреба на непотврдени информации и со крајна цел за лична одмазда кон ваши критичари.

BorkicaSopingParis-fsdfsrefeЛинк до оригиналниот напис: Боукица на шопинг во Париз

Датум на објавување: 26.06.2015, 17:35

Датум на рецензирање: 29.06.2015

Рецензент: Александар Пешев

Пред нас имаме информација облеана со навреди и со лична дискредитација. Не е дефинирано дали станува збор за вест или коментар, но, во секој случај, упатени се навреди кон премиерот и кон неговата сопруга, повикувајќи се на неименувани извори.

Од самиот вовед, авторката на текстот со навредливи зборови се обраќа кон група луѓе.

„Вие во ”КАМПОТ НА ОДБРАНАТА ” лижете сладолетчиња но не заборајавајте дека сте стрижени овци и внимателно читајте го ова.“

Веќе е јасно дека имаме еднострана објава со политичка пристрасност илустрирана со навреди. Се сомневам дека ќе се задржи вниманието на групата што е прозвана ако се нарекуваат овци, но нејсе. По првата реченица, јасно се покажува дека целта на објавата e возвраќање на навреда со навреди.

„Мене со месеци лажно ме објавувавте со една слика каде бев сликана пред ЛУЈ ВИТОН, според вас имав купено ташна и бев наќитена ко елка.“

Навреда, клевета, повреда на углед – сето тоа може да се однесе пред суд, но наместо тоа нашата авторка одлучила да возврати користејќи го јавниот простор. Во согласност со професионалните стандарди, медиумот не смее да се користи за напад на индивидуалци или групи, особено не поради личен интерес на авторот.

Главната поента на оваа објава, очигледно, е ставање на тапет на премиерот и на неговата сопруга со употреба на погрдни зборови. Сето тоа спакувано околу информација која наликува на чаршиски муабет, далеку од веродостоен:

„Во Градот на светлината е се светло па така и светна новчаникот на Премиерот кој според наши сознанија одвоил од својот скромен новчаник над 100.000 евра за да ги задоволи потребите на својата сопруга.“

Текстот продолжува со шпекулации, за на крај да затвори со коментар дека премиерот, прозван со навредлив прекар, дотеран ќе се појавел на преговорите.

Не е јасно како оваа информација е од јавен интерес. Се создава впечаток дека имаме текст базиран на чаршиски муабет, полн со навреди, чија крајна цел е да се истакнат лични чувства на авторот. Судејќи по напишаното, испаѓа дека јавниот простор е искористен за да се направи „вратка“ на претходни наводни навреди, со што конечниот производ не е во интерес на пошироката популација.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести