verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Проценти и промили

on 20 - 11 - 2015       

FireShot-Screen-Capture-128-СДСМ_-Смртноста-на-новороденчињата-crop-resize

 

[Рецензија:СДСМ: Смртноста на новороденчињата во Македонија е ФРАПАНТНИ 14.4 проценти, а Груевски продолжува да го штити Тодоров]

 

Соопштенија на државни институции, влади, министерства или политички партии во принцип во медиумите се пренесуват интегрално без новинарска или уредничка интервенција. Доколку медиумот, сепак, одлучи да интервенира или да го прераскаже и протолкува соопштението, тоа мора да се направи внимателно за да не се пренесе погрешно некоја важна информација, или да се променат и погрешно интерпретират фактите.

Во веста која ја рецензираме е направено баш тоа. Со уредничка или новинарска интервенција еден важен податок погрешно е интерпретиран и направена е штета, внесена паника меѓу читателите и родителите.

FireShot Screen Capture #128 - 'СДСМ_ Смртноста на новороденчињата во Македонија е ФРАПАНТНИ 14_4 проценти, а Груевски продоЛинк до оригиналниот напис: СДСМ: Смртноста на новороденчињата во Македонија е ФРАПАНТНИ 14.4 проценти, а Груевски продолжува да го штити Тодоров

Датум и време на објавување: 17.11.2015

Датум на рецензирање: 19.11.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

ЕЛЕМЕНТАРНО НЕЗНАЕЊЕ

Медиумот, повикувајќи се на соопштение на опозициската партија СДСМ за зголемената смртност на новороденчињата во Македонија, потполно погрешно го интерпетирал податокот кој е наведен во партискиот документ. Тргнувајќи по некаква логика дека сé се пресметува во проценти, сам пресметал дека нивото на смртност кај новороденчињата и мали деца во Македонија изнесува 14,5 проценти. Тоа не е вистина.

Доколку тоа би била вистината ние би имале поразителни податоци на планетарно ниво, бидејќи според објавеното во Македонија секое седмо новороденче умира. Или, упростено, од сто родени 14,5 деца умираат . Таков процент на смртност кај новороденчињата не е забележан никаде во светот, дури ни во најнеразвиените држави.

Во Македонија умираат три пати повеќе новороденчиња од просекот на земјите од Балканот и ЕУ. Смртноста на новороденчињата во Македонија е 14.4 проценти!

Всушност, овде се работи за елементарно непознавање на материјата, дека смртност кај новороденчињата се изразува во промили, односно бројот на починати деца на илјада новородени. Во Македонија и таа бројка е навистина загрижувачка, и се движи до 14,5 починати деца на 1000 новородени со што сме при врвот меѓу балканските држави. Но, тоа сепак, не е исто од сто новородени 14,5 да починат.

 

СООПШТЕНИЕТО ТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА

Партиското соопштение на СДСМ е сосема коректно и новинарот бил должен, ако веќе не сакал да го објави интегрално, туку само да се повика на него, пред да го коментира и објави како вест, внимателно да го прочита и фактите кои се таму изнесени точно да ги презентира на читателите. Вака можел да создаде паника и да предизвика страв кај населението.

Во партиското соопштение на СДСМ е точно и прецизно напишано дека :

d05dbebe.gif

Во Македонија умираат три пати повеќе новороденчиња од пресекот на земјите од Балканот и ЕУ. Смртноста на новороденчињата во Македонија е 14 на 1.000 живородени бебиња!

Со ова е прекршен членот 1. Од Кодексот на новинарите на Макеоднија кој вели:

Член 1.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

лажни информации

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести